Скопје
Почна проширувањето на улицата 'Јордан Мијалков'

Проширувањето на улицата ‘Јордан Мијалков’ почна во вторник, а стартот на градежните работи го означија Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и премиерот Никола Груевски.
„Улицата ‘Јордан Мијалков’ со овој проект ќе се прошири во должина од 750 метри, а проширувањето ќе се изведува по левата страна, гледано од булеварот ‘Мајка Тереза’ кон улицата ‘Павел Шатев’. По проширувањето, оваа сообраќајница ќе добие три коловозни ленти со ширина од по 3,25 метри, средишна жардиниера со зеленило (1,5 метри), сервисна коловозна лента со паркинг широка шест метри и тротоар покриен со бекатон-плочки. Реконструкцијата на улицата ќе се искористи за да се постави нова атмосферска канализација, а ќе се изврши и реконструкција на постојната водоводна и фекална мрежа“, рече Трајановски и додаде дека градежните работи треба да завршат за околу 150 работни дена.
Тој информираше дека Градот Скопје за реконструкцијата и проширувањето на улицата ќе вложи околу 47 милиони денари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)