Скопје
Поставени паркинзи за велосипеди во неколку скопски средни училишта
Нови паркинзи за велосипед беа поставени во повеќе средни училишта на Градот Скопје, во рамките на проектот “Младите на велосипед”.
Станува збор за проект со кој во средните училишта “Раде Јовчевски – Корчагин”, “Орце Николов” и “Михајло Пупин” беа поставени паркинзи за 10 велосипеди, вкупно 30 нови паркинг места.
Во рамките на проектот “Младите на велосипед”, покрај поставувањето на новите паркинзи за велосипед, во СУГС “Орце Николов” учениците на ова средно училиште имаа можност да дискутираат со претставници на Координативното тело за велосипедска инфраструктура на Град Скопје и претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќај и патишта. Целта на дискусијата беше да се подигне свеста на младите велосипедисти и останатите учесници во сообраќајот за нивната безбедност и да се воспостави соработка со соодветни институции и државни тела кои имаат влијание во креирање на законот за безбедност во сообраќајот.
На средбата присутните беа информирани за новите и идните велосипедски патеки кои се дел од акциониот план на градот за 2014-2017 година.
Проектот “Младите на велосипед” е реализиран од страна на здружението “Гоу Грин”, а финансиски е поддржан од Град Скопје. Овој проект има за цел да поттикне што повеќе млади луѓе да го користат велосипедот како основно превозно средство, да ги подобри условите за велосипедистите, како и да ја подобри сообраќајната култура. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

