Скопје
Промовирани електромобили и електровелосипеди во Скопје
Новите електромобили и електровелосипеди кои ќе може да ги користат граѓаните и туристите во Скопје беа промовирани во среда. Цената на билетот за електромобилите изнесува 50 денари по лице, за една тура за разгледување на градот која во просек ќе трае 20 минути, додека цената за изнајмување електровелосипед изнесува 100 денари, за користење од максимум еден час.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ набави пет електромобили со вкупна вредност од 3,5 милиони денари и 10 електровелосипеди со вкупна вредност од 500.000 денари кои што од среда им се ставени на располагање на граѓаните и на туристите во Скопје.
На промоцијата присуствуваше Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој појасни кои се условите за користење на електромобилите и електровелосипедите како и нивната цена за изнајмување.
„Цената на билетот за електромобилите изнесува 50 денари по лице, за една тура за разгледување која во просек ќе трае 20 минути. На оваа рута се предвидени пет стојалишта: пред спомен обележјето Мајка Тереза, на плоштадот „Македонија“, Порта Македонија, пред споменикот Филип II Македонски и кај мостот „Око“. Размислуваме рутата да се прошири и во Старата скопска чаршија. Електромобилите ќе ги управуваат шофери кои се обучени и како туристички водичи. Капацитетот на еден електромобил е четири лица вклучувајќи го и шоферот“, рече Трајановски и додадел дека електромобилите се одлична можност за остварување на целите за енергетска ефикасност.
Изнајмувањето и враќањето на електровелосипедите, пак, додаде тој, ќе биде исклучиво на плоштадот „Македонија“, до продавницата за сувенири.
„Цената за изнајмување електровелосипед изнесува 100 денари, за користење од максимум еден час. Електровелосипедите се изнајмуваат со пополнување барање и приложување лична карта на увид. Право на изнајмување електровелосипед имаат само лицата постари од 22 години. Сакам да упатам апел до моите сограѓани да ги чуваат и да не ги оштетуваат велосипедите што ги изнајмиле“, рече Трајановски.
Електромобилите и електровелосипедите ќе може да се користат во периодот од 10 до 19 часот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

