Скопје
Реконструкција на улица Орце Николов

Општина Центар во вторникот соопшти дека во рамките на “Работно лето 2015“ во тек е реконструкција на улицата Орце Николов, од бул. Климент Охридски, се’ до улицата Михаил Цоков.
Општина Центар во вторникот соопшти дека во рамките на “Работно лето 2015“ во тек е реконструкција на улицата Орце Николов, од бул. Климент Охридски, се’ до улицата Михаил Цоков.
На повеќето средби, кој ги имаше градоначалникот Андреј Жерновски со жителите на овој дел од Дебар Маало, беше констатирана неопхподна реконструкција на овој дел од улицата. Поради лошата состојба на завршниот слој на асфалтот, кој оневозможуваше нормално одвивање на сообраќајот. Вкупната површина на делот на кој се врши зафатот е 3600 м2, должина околу 520 метри и ширина – 7 метри.
Реконструкцијата се врши во неколку фази. Завршено е стругањето на асфалтот, а во тек е нивелирање на шахтите и замена на старите ивичњаци со нови. Последна фаза е асфалтирањето на улицата.
Истовремено, во Дебар Маало, се планира и реконструкција на улицата Наум Наумовски – Борче и дел од улицата Аминта Трети, се вели во соопштението на општината. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)