Скопје
Реновираните занаетчиски дуќани во Старата скопска чаршија почнаа со работа
Реновираните дуќани наменети за производи од старите традиционални занаети во изумирање почнаа со работа во вторник. Станува збор за четири објекти на улица „Пушкарска“ кај Музеј на Македонија во Старата скопска чаршија.
Градот Скопје сите дуќани со меморандум за соработка ги предаде на петгодишно користење на Македонската aртисанска трговска асоцијација, а МАТА има обврска да ги опреми, менаџира, сервисира и да ги плаќа сметките за електрична енергија, вода и други режимски трошоци без обврска да плаќа кирија на Град Скопје.
Станува збор за четири дуќани и една заедничка просторија којашто дуќанџиите ќе ја користат како продажен салон.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, рече дека овој проект е од особено значење зашто на овој начин не само што ќе се сочуваат вештините на старите занаетчии туку и ќе се збогати и туристичката понуда во нашиот град.
Во дуќаните во Старата скопска чаршија ќе се пласираат производи од занаетите во изумирање. Едниот дуќан е сувенирница, вториот ткајачница, третиот грнчарница, а четвртиот јувелирница или дуќан за изработка на филигран (сребро или злато).
Во дуќаните ќе се организираат и обуки и работилници за сите заинтересирани граѓани кои сакаат аматерски или професионално да се занимаваат со овие занаети, а ќе бидат организирани и разновидни наменски настани, како на пример базари, за оние што ќе сакаат да купат интересни оригинални рачно изработени предмети.
За комплетно средување на четирите простории од Буџетот на Град Скопје за 2013 година се одвоени се 3.580.000 денари.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




