Скопје
Шаховски турнир на слепи лица и лица со оштетен вид
Од четвртокот па се до недела, кога ќе им бидат врачени наградите на најдобрите, во просториите на „Здружението на слепи и лица со оштетен вид“, по 42-ри пат се одржува традиционалниот „Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид“.
Шахистите ги посети и ги поздрави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто на годинешните учесници им посака успешен турнир.
„Оваа спортската манифестација, којашто има долга традиција, односно годинава се одржува по 42-ри пат, спаѓа во активностите на градскиот Сојуз на слепи и лица со оштетен вид, а Градот Скопје со задоволство ја поддржува. Ме радува фактот што има и други фанинсиски поддржувачи на овој турнир, што е меѓународен и што од година во годуна станува се поквалитетен. Се надевам дека и во иднина ќе бидеме во можност да Ви помагаме, а нашите служби секогаш ќе Ви бидат на располагање. Ви пожелувам успешен турнир и квалитетна спортска борба“, истакна градоначалникот Трајановски.
Градот Скопје, преку Секторот за јавни дејности, согласно со програмата за повластен јавен градски превоз на лица со посебни потреби, за лицата со оштетен вид има издвоено 4.658.640 денари, односно им има доделено 329 бесплатни билети.
Исто така, Градот Скопје од Буџетот одвои 47. 700 денари и им обезбеди организирано патување на дводневна екскурзија (во Струга) на 150 членови од Здружението на слепи лица.
Шаховскиот турнирот во машка и во женска конкуренција ќе трае и во текот на викендот (15 и 16 ноември), а ќе учествуваат вкупно 35 шахисти , 26 од Македонија и 9 од странство, како и 8 учеснички од Македонија.
Градот Скопје од буџетот за спорт за 2014 година за реализација на оваа манифестација издвои 50.000 денари./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

