Контакт

Скопје

Зимската служба подготвена за расчистување на скопските улици

Објавено пред

Градот Скопје е подготвен за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје, во зимски услови, информираат градските власти.

dobivaj vesti na viber

 

 

За чистење на снежните наноси од коловозите Градот Скопје оваа сезона располага со 30 возила и со доволно количество сол. 

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, во петок го посетија пунктот на ова јавно претпријатие во Кисела Вода каде што се стационирани возилата за расчистување на снегот.

 

„Од утре, 15 ноември, Градот Скопје почнува со зимско одржување на градските сообраќајници. Зимската служба 2014/2015 година ќе трае до 15 март 2015 година, со можност за продолжување доколку се неповолни временските услови. Градот Скопје и годинава е подготвен за расчистување на снежните наноси од коловозите. Наша задача ќе биде брзо и ефикасно да го расчистиме снегот од  градските улици и да овозможиме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Кризниот штаб на зимската служба веќе почна со работа. Во него членуваат претставници од Градот Скопје, од јавните градски претпријатија, од десетте скопски општини, од Министерството за внатрешни работи и од Државниот инспекторат за патишта. Градот Скопје за претстојната зима има на располагање 2.300 тони индустриска сол како залиха од лани, како и дополнителни 1.500 тони набавени од компанијата „КИЕМ“. Што се однесува до потребните возила за расчистување на снегот зимската служба ќе ги користи возилата на ЈП „Улици и патишта“, како и возилата што дополнително се ангажирани од приватна фирма. Екипите на зимската служба дежураат во текот на 24 часа, на две локации, во пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и во пунктот во Бутел“, рече градоначалникот Трајановски.

 

Трајановски додаде дека од оваа зима, новина во одржувањето на градските улици ќе биде апликацијата на средството Калциуммагнезиумацетат (KMA), за да се намали загадувањето на амбиентниот воздух од ПМ10 честичките.

 

„Досега се пристигнати 7.000 литри од ова средство. Испораката на средството ќе се врши во согласност со потребите. Средството е набавено од најповолниот понудувач на јавниот повик што го објавивме, „Алкалоид” АД Скопје. За набавка на средството Градот Скопје ќе вложи околу 3 милиони денари (со ДДВ). Сакам да нагласам дека во активностите за зимско одржување на градските улици се вклучени и другите јавни претпријатија и тоа:  ЈП „Комунална хигиена“ ќе го расчистува снегот на пристапите до контејнерите, ќе ги расчистува пешачките зони, улиците во Старата скопска чаршија и пешачките пристапи до објектите од витално значење; ЈП „Водовод и канализација“ ќе ја оспособува атмосферската канализација и сливниците за прием на поголемо количество вода; ЈП „Паркови и зеленило“ ќе го отстранува снегот од пристапните патеки во парковите, ќе ги заштитува дрвјата од кршење под тежината на снежните наноси и ќе отстранува паднати дрвја и гранки од коловозите, а ЈСП „Скопје“ ќе го расчистува снегот и мразот од автобуските постојки“, објасни градоначалникот Коце Трајановски.

 

 

Градот Скопје апелира до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје

Извршена ларвицидна дезинсекција во општина Илинден

Објавено пред

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, Општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ – Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.

dobivaj vesti na viber

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци.

Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.

Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно за здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

Прикажи повеќе...

Скопје

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Објавено пред

Трендот во големите градови и културата е рециклирање и рекреирање веќе на постојното. Колку понапредни општествата, толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е second hand модата.

dobivaj vesti na viber

Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех.

Оваа сабота (11 мај) во „Јавна соба“, под слоганот „Second hand е подобро од ново“, почнува базарот, каде што посетителите може да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има многубројни штандови со разноразни парчиња, кои дефинитивно заслужуваат втора шанса.

И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака:

– заштеда на пари;

– помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси;

– поддржувате локален и мал бизнис;

– развивате уникатен стил;

– имате чувство како да сте во потрага по богатство.

Прикажи повеќе...

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради денот на полицијата

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08.00 до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија6 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија9 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија9 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија11 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ13 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет14 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија14 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија14 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија15 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет1 ден

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет2 дена

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија2 дена

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија2 дена

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија2 дена

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија2 дена

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...