Скопје
Се одржа велосипедска трка на трим патеката во Гази Баба
Велосипедска трка (крос-кантри) за ранг листа во Планински велосипедизам „Гази Баба 2014“, се одржа во недела (05.10) на трим патеката во Рекреативниот центар Гази Баба, во организација на велосипедскиот клуб „Енерџи” од Скопје и Велосипедската Федерација на Македонија.
Во трката се натпреваруваа велосипедисти во шест категории и тоа: Хоби, Кадети, Мастерс, Елите, Жени и Јуниори. Должината на кругот изнесуваше 4,5 км, а учесниците во секоја од категориите имаа различни задачи. Учесниците од мастерс и јуниор категоријата возеа по пет круга, жените велосипедисти како и оние коишто возат велосипед од хоби по три круга, кадетите четири круга, а оние од категоријата Елите возеа шест круга.
Право на учество во трката имаа сите лиценцирани натпреварувачи. Хоби категоријата е отворена за сите вљубеници во спортот и можат да се натпреваруваат со 100денари котизација.
Доделувањето на наградите ќе се реализира по завршувањето на втората трка.
На трката присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Инаку Градот преку програмата за спорт за 2014 година, финансиски го помага одржувањето на оваа трка.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

