Скопје
Се воведуваат електронски билети во автобусите
Се воведуваат електронски билети во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие и во дел од автобусите на приватните превозници и започна инсталирањето на Системот за автоматска локација.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, Игор Јанушев во вторник извршија увид во инсталирањето на Системот за автоматска локација и електронскиот систем за наплата во автобусите на ЈСП- Скопје, во автобазата на ЈСП во Автокоманда.Со воведувањето на Системот за автоматска локација на возилата и електронска наплата ќе се овозможи од контролен центар да се следат автобусите во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, како и можност на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот на градските улици, како и добивање реална слика за бројот на превезените патници по категории. „Системот, исто така, дава можност за воведување нов тарифен систем / нови типови на билети: билет со можност за преседнување од еден автобус во друг, односно од една линија на друга линија, со ограничено времетраење, зонски билет, дневен билет, неделен билет, викенд билет и др.Во прво време истиот ќе почне да функционира согласно со постојниот тарифен систем, но во иднина постепено ќе се премине на нов тарифен систем. Системот за автоматска локација и електорнскиот систем за наплата ќе биде инсталиран во 500 автобуси, од кои 384 автобуси на ЈСП- Скопје, а 116 на приватни превозници, и граѓаните ќе можат еден билет да користат за возење во автобусите и на приватните превозници и на ЈСП. Средствата од продажбата на автоматските билети ќе ги добива Градот Скопје, а на превозниците Градот ќе им префрла средства по поминат километар. Се надеваме дека со воведувањето на овој современ систем ќе имаме целосна контрола на редот на возење на автобусите. Во моментов опремата е инсталирана на 200 од 384 автобуси, преостанатите се очекува да бидат инсталирани до крајот на месец мај. За реализација на овој проект Градот Скопје ќе издвои околу 3 милиони евра, а се очекува Системот да почне да функционира во месец септември- истакана градоначалникот Треајановски.Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје, Игор Јанушев, потенцираше дека со инсталирањето на овој систем на граѓаните ќе им се понуди побрз, поквалитетен и побезбеден превоз. Исто така, го најави воведувањето на три типа билети, односно електронска картичка, којашто граѓаните ќе може да ја користат и во приватните и во автобусите на ЈСП, персонализиран билет, кој ќе биде со фотографија и лични податоци и третиот тип на билети- службени легитимации. Јанушев најави дека системот пробно ќе се пушти во текот на месеците јули и август.Воведувањето на овој систем ќе им овозможува на граѓаните плаќањето да го направат со мобилен телефон, во готово, со кредитна картичка и со смарт картичка. На располагање на граѓаните ќе им бидат 61 место за надополнување и продажба на картички во кои влегуваат и три автономни автомати за издавање и дополнување на картичките. Патниците ќе бидат навремено информирани за тековната и следната постојка, како и некои други битни информации во врска со превозот (прекин на одредена линија и слично).Исто така, на автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу 2 места во Градот со користење на јавниот превоз./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

