Скопје
Шест илјади потписи под петицијата за запирање на изградбата на Панорамското тркало во Скопје
Околу шест илјади граѓани во текот на изминатите четири дена ја потпишале петицијата што ја покрена група граѓани до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со којашто се бара да се запре изградбата на Панорамското тркало и средствата да бидат пренаменети за други цели, како гасификација на главниот град и решавање на проблемот со загадувањето.
Одлуката за изградба на овој објект во коритото на реката Вардар ја донесе Град Скопје со мнозинство гласови на советниците во 2013 година, а иницијативата потекна во 2010 година, во рамки на проектот „Скопје 2014“. Панорамското тркало е со пречник од 57 метри, а целиот објект ќе биде висок 73 метри над нивото на реката Вардар, со 30 кабини и придружни објекти, како кафетерии и сувенирница. Според најавите, објектот ќе има капацитет од 300 луѓе.
По неуспехот на првичната замисла изградбата да ја финансираат бизнисмени и приватни фирми, средствата беа побарани од државните институции и од Владата. Досега донирала, околу милиони денари, само Агенцијата за електронски комуникации.
Вредноста на Панорамското тркалото достигна сума од 19,7 милиони евра, но изворот на парите не ѝ е познат на јавноста. Изградбата на тркалото продолжи и покрај ротивењето на јавноста и граѓанските протести./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

