Скопје
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето
Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, се одбележува во петок со повеќе манифестации.
По тој повод, вечер во фоајето на Македонската опера и балет, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците ќе им ја врачи наградата „13-ти Ноември“ на Град Скопје за 2015.
Во рамки на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на МОБ, ќе биде отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2015“.
Веднаш по доделувањето на наградите, во Салонот на МОБ, во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, ќе се одржи концерт на првенците на Македонската опера и балет. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

