Скопје
Скопје под посебен сообраќаен режим поради посетата на кардинал од Ватикан
Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Македонија.
Од сообраќајната полиција информираат дека од вчера во официјална посета на Република Македонија престојува кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар при Светиот престол. За време на движењето на колоната возила под придружба по сообраќајниците низ градот, ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници.Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од страна на полициските службеници и да бидат внимателни и трпеливи, а веднаш по поминување на колоната под придружба од нивна страна ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.Кардиналот Паролин ќе биде гостин на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов во Скопската бискупија, а ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев и други државни претставници.Ќе присуствува на свечен благослов и инаугурација на новата бискупска резиденција со присуство на верските поглавари, цивилните власти и дипломатскиот кор, по што во скопската катедрала „Пресвето срце Исусово“ ќе има средба со свештениците, монашките заедници и богословите и ќе предводи Служба на Словото.Кардиналот вечер ќе го предводи свеченото Евхаристиско славење во повечерието на празникот Свети Јосиф. По литургиското славење е предвидена промоција на книгата на папата Фрањо „Божјото име е милосрдие“ која е преведена на македонски јазик.Во сабота, кардиналот Паролин ќе ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза, археолошкото наоѓалиште Стоби, привремениот транзитен центар за мигранти „Винојуг“ и парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија, како и катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.
Скопје
Герасимовски: Со видео надзор, општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра
Советот на Општина Центар на 35. Седница на советот го прифати предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски во општина Центар да се постави видео надзор.
Станува збор за видео надзор поради обезбедување заштита на имотoт и имотните права на општината односно Заштита на урбаната опрема (автобуски постојки, опрема во функција на туристички и културни и спортски настани, самостоечки рекламни паноа, детски игралишта, фонтани, чешми, клупи, корпи за отпадоци и други согласно законите), Заштита на инфраструктурните објекти (улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во надлежност на Општината), Заштита на сообраќајни знаци и семафори и друга вертикална и хоризонтална сигнализација, Заштита на улична јавна осветлување, броење и евиденција на возила за статистички мерења.
Герасимовски во образложението за дополнувањето на дневниот ред истакна дека одлуката е преземена и модифицирана од други општини во кои веќе неколку години има поставен видео надзор и каде по поставувањето има намалување на штетите во општината.
„Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема особено детските игралишта но по сите напори не успеваме да го направиме тоа. Тие не ни траат ниту два месеци, се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта, се крши се. Затоа овие снимки може да служат како доказ за нечие дивеење. Но Министерството за внатрешни работи или Јавното обвинителство, исто така ќе може да ги користат при евентуално сторено кривично дело, нарушување на јавен ред и мир, или кршење на друга урбана опрема. Верувам дека снимките ќе ја зголемат и безбедноста во општината. Суштината е снимката да се користи како доказ за евентуална судска кривична или прекршочна постапка со цел да имаме намалување на девијантните појави во општината“, рече Герасимовски на седницата.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.