Скопје
Социјални пакети за 140 семејства од општина Центар
Општина Центар, пред претстојните првомајски и велигденски празници, на 140 жители на општината, приматели на социјална парична помош, им додели социјални пакети во вкупна вредност од 300.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општината.
“Ова нема конкретно да ни ги реши проблемите, но помошта ни е навистина повеќе од добредојдена. Многу сме среќни што некој се сети на нас и ни овозможи побогато да ги минеме празниците. Многу сме задоволни и благодарни на градоначалникот Андреј Жерновски, затоа што, не само што добивме помош во храна и средства за хигиена, туку и ни кажа дека секогаш сме добредојдени во општината за сѐ што ни е потребно“, рекоа центарци, кои добија пакети со основни животни намирници и средства за хигиена.“Ние сме само Ваш сервис и постоиме за Вашите потреби. Јасно ни е дека со ова не го решаваме големиот проблем, но сакавме да дадеме наш мал придонес за побогати и посреќни велигденски и првомајски празници“, им порача градоначалникот Жерновски, честитајќи им ги претстојните празнувања. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

