Скопје
„Спас за Водно“: Државата да го заштити Водно од насилната урбанизација
Иницијативата „Спас за Водно“ бара запирање на сите градежни активности во парк шумата Водно.
„Сечењето на шумата, уништувањето на површините со вегетација, градењето на огромни станбени и комерцијални комплекси во подножјето и на целата површина на Водно, е несовесно и штетно. Со тоа се узурпира она малку што остана од зелениот појас на градот Скопје, се загрозува неговата безбедност и на Скопјани во контунуитет им се одземаат последните оази на чист воздух, зеленило и спокој, кои им беа на располагање“, порачуваат од иницијативата „Спас за Водно“.
Според нив, зголемувањето на височината на станбените објекти кои се градат на Водно, а за што постојат барања и иницијативи, ќе придонесат да се намали ионака минималниот проток на свеж воздух од Водно кон градот, додека пак дополнителната тежина што ќе се стави врз плеќите на планината, кога-тогаш ќе предизвика свлечишта опасни по безбедноста на граѓаните и на нивните имоти.
„Парк-шумата Водно е засадена и постои да го заштити градот Скопје од загадување на воздухот, од високите температури но пред сè од пороите кои низ историјата го поплавувале Скопје“, велат приврзаниците на оваа иницијатива.
Тие додаваат дека на Водно му треба итно дефинирање на границите на парк шумата и негово ставање под заштита на државата.
„Тоа ќе го спречи насилното забрзано урбанизирање на планината. Ќе ја спречи намерата на поединци, по секоја цена, да го претворат Водно во населено место“, порачуваат од иницијативата „Спас за Водно“. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Наградата „Феникс“ е силна порака дека Центар ги вреднува знаењето, талентот и истрајноста
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието за 2025 година.

Герасимовски потенцираше дека Општината и Советот ќе продолжат да ги поттикнуваат и вреднуваат трудот и успехот на своите жители.

„Наградата е признание за посветеноста и талентот на нашите сограѓани, кои ја афирмираат Општина Центар на домашната и меѓународната сцена. Особено ме радува фактот што добитниците се млади центарци, кои допрва ќе го градат својот живот и кариера“, нагласи Герасимовски, честитајќи им на наградените.
Тој им посака да продолжат со усовршување во науката, на спортските терени и во уметноста.

Добитници на „Феникс“ се:
Софија Пиштолова, ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – модерни танци
Марко Татули, ученик во СУГД „Методија Митевски Брицо“ – боречки спортови
Кристијан Јанев, ученик во СУГД „Орце Николов“ – тенис
Тамара Танеска, ученичка во ООУ „Кочо Рацин“ – природни науки
Виктор Вранишкоски, ученик во ООУ „Коле Неделковски“ – пливање
Томи Тодоровски, ученик во ООУ „Киро Глигоров“ – триатлон
Наградените добија дипломи и паричен износ од 30.000 денари.

Признанието „Феникс“ го носи името на митолошката птица феникс, симбол на Општина Центар, кој ја претставува истрајноста, обновата и успехот.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест
Денеска со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред Владата.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

