Скопје
Трајановски и градоначалниците од скопско без решение за аерозагадувањето
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановскиво во понеделник, одржа работна средба со 17 градоначалниците од скопскиот плански регион на која се разговараше за загадувањето на воздухот во градот и во околината, но од нивниот разговор не произлегоа никакви мерки кои би помогнале во овој период да се намали аерозагадувањето.
„Овој воздух сите го дишеме и токму поради тоа за проблемот со аерозагадувањето не треба да тераме политика. Ве повикувам сите заедно да работиме на решавање на овој предизвик – граѓаните, моите колеги градоначалници и сите надлежни служби да се ангажираме и да се вклучиме во заштитата на амбиентниот воздух од загадување“, повика Трајановски.
Градоначалниците од скопскиот плански регион разговараа за неколку предлози како
можноста Градот Скопје, општините и централната власт да субвенционираат проширување на топловодната мрежа и вклучување на домаќинствата кон топловодната мрежа, како и за можноста сите станови во една станбена зграда без исклучок да бидат приклучени на мрежата за парно греење.
„Воедно апелирам до БЕГ и до „Елем Енергетика“ да размислуваат за намалување на цената на парното греење, за што со нив ќе разговараме на официјална средба“, рече Трајановски.
Се зборувало и за вклучување на општините во субвенционирањето на граѓаните за набавка на печки на пелети, како и да се изготви правилник за користење цврсти горива со кој во догледно време ќе се забрани употребата на нафта, јаглен и други недозволени материјали за затоплување на домаќинствата.
Исто така разговарале и за можноста општините да субвенционираат други видови загревање во домовите за што тие ќе направат анализа, како и можноста општините да се вклучат во субвенционирањето велосипеди и во изградбата на велосипедски патеки на улиците коишто се под нивна надлежност.
Трајановски се пофали дека Градот Скопје веќе изгради две велосипедски рути, а најави изградба уште две рути во 2017 година.
„Со формирањето на новата Влада очекуваме итно да се објави тендерот за гасификација на Скопје“, рече Трајановски.
Од микромерките кои секојдневно се спроведуваат се интензивните контролите кај инсталациите кои подлежат на Б-интегрираните дозволи, а општините ќе ги контролираат помалите капацитети кои подлежат на Елаборатите за заштита на животната средина. Ќе се продолжи со прскање на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, за контрола на ситната прашина. Градот Скопје годинава почна со субвенционирање печки на пелети, а за наредната година обезбедени се двојно повеќе пари за таа намена.
„Воведувањето пар-непар кај автомобилите како мерка за намалување на загадувањето од сообраќајот не е во надлежност на Градот Скопје, туку за таа мерка треба да се произнесат министерствата за внатрешни работи, за здравство и за животна средина и просторни планирање“, рече Трајановски.
За потсетување, според податоците што се содржат во Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на Скопскиот регион и во Краткорочниот план за квалитет на воздухот во Скопскиот регион што ги изработија Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, во Скопје и скопскиот регион најголемото загадување со ПМ10 честички во воздухот потекнува од загревање на домаќинствата – 32 отсто, сообраќајот – 20, прашина создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности – 19, индустријата – 18, сулфатни соли – 7, нитратни соли – 2 проценти, и прекуграничен пренос на загадувачки супстанции – 2 отсто./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

