Скопје
Три бебиња родени во минута по полноќ во Скопје
Две машки и едно женско бебе се првите новороденчиња во 2016 година во Скопје, кои на свет дојдоа точно едно минута по полноќ на Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје.
Едното машко бебе , тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри, е родено од мајка Јована Андоновска Буриловска ( родена 1978 год.) од Скопје општина Карпош на која ова и е трето дете.
Другата родилка е Александра Андонова (родена 1982 год. ) која родила близнаци и тоа женско тешко 2 килограми и 290 грама долго 47 сантиметри а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама долго 48 сантиметри на која ова и се први деца.
Предвидено е петок во 11,30 часот мајките и бебињата да бидат посетени од Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
На првороденчињата во 2016 година, градоначалникот Трајановски ќе им подари штедни книшки со 20.000 денари и други пригодни подароци. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалничката на Кисела Вода почнува со приемни денови за граѓаните
Во насока на транспарентно и отчетно работење и со цел директна комуникација со жителите, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, од оваа сабота започнува со приемни денови за граѓаните.
Како што информира општината, на овој начин се воспоставува отворен и непосреден контакт со жителите, што ќе овозможи поефикасно решавање на нивните проблеми и унапредување на квалитетот на живот во општината.
Приемните денови ќе се одржуваат во просториите на Општина Кисела Вода. Заинтересираните граѓани можат да ја закажат средбата секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, на телефонскиот број 02/2785-401.
По пријавувањето, граѓаните ќе бидат дополнително известени за точното време на нивната средба.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 03.11. до 09.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.

