Скопје
Трпески: Трајановски троши за луксуз наместо за клучни проекти за граѓаните
Градоначалникот Коце Трајановски на граѓаните на Скопје им вети проекти чија цел била само да се искористат во кампањата за локалните избори 2013 година.
Ова во понеделникот на прес – конференција го соопшти Предраг Трпески, член на Советот на Град Скопје кој истакна дека со новиот ребаланс на буџетот се намалуваат средствата за клучните проекти од интерес на граѓаните на Скопје.
„Се кратат средства за изградба на јавно осветлување за 16%, за изградба на магистрални и собирни улици за 21%, за изградба на сообраќајна сигнализација за 27%. Големо е намалувањето на средствата за секторот образование кое изнесува 24%. Средствата за реализација на проектот Подземна сообраќајница, во износ од 90 милиони денари, со ребалансот на буџетот во целост се бришат. Со ова Градоначалникот Трајановски на граѓаните на Скопје практично им соопшти дека овој проект нама да се реализира и дека целта на истиот била само да се искористи во кампањата за локалните избори 2013 година“, се вели во изјавата на Трпески.
Од друга страна, како што вели советникот од Град Скопје, со ребалансот се зголемиле трошоците за набавка на мебел, за луксуз од проектот Скопје 2014, за изградба на катни гаражи, а биле додадени и нови ставки, како што е набавката на Пајтон, која Градот Скопје се предвидува да ја субвенционира со 2,6 милиони денари./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Наградата „Феникс“ е силна порака дека Центар ги вреднува знаењето, талентот и истрајноста
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието за 2025 година.

Герасимовски потенцираше дека Општината и Советот ќе продолжат да ги поттикнуваат и вреднуваат трудот и успехот на своите жители.

„Наградата е признание за посветеноста и талентот на нашите сограѓани, кои ја афирмираат Општина Центар на домашната и меѓународната сцена. Особено ме радува фактот што добитниците се млади центарци, кои допрва ќе го градат својот живот и кариера“, нагласи Герасимовски, честитајќи им на наградените.
Тој им посака да продолжат со усовршување во науката, на спортските терени и во уметноста.

Добитници на „Феникс“ се:
Софија Пиштолова, ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – модерни танци
Марко Татули, ученик во СУГД „Методија Митевски Брицо“ – боречки спортови
Кристијан Јанев, ученик во СУГД „Орце Николов“ – тенис
Тамара Танеска, ученичка во ООУ „Кочо Рацин“ – природни науки
Виктор Вранишкоски, ученик во ООУ „Коле Неделковски“ – пливање
Томи Тодоровски, ученик во ООУ „Киро Глигоров“ – триатлон
Наградените добија дипломи и паричен износ од 30.000 денари.

Признанието „Феникс“ го носи името на митолошката птица феникс, симбол на Општина Центар, кој ја претставува истрајноста, обновата и успехот.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест
Денеска со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред Владата.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

