Скопје
Велигденски базар во Општина Аеродром
Од вторник до четврток, пред трговскиот центар „Капитол“ ќе се одржи Велигденски базар во организација на Општина Аеродром, ТЦ „Капитол“ и Занаетчиската комора на Скопје.
На базарот ќе може да се видат креативни занаетчиски производи од членови на Занаетчиската комора, но и изработки од членовите на невладините организации за лица со посебни потреби на територијата на Општина Аеродром, меѓу кои Солем, Порака, Мобилност и Доблест.Целта на велигденскиот базар е да се промовираат традиционалните вредности преку промоција на занаетчиски изработки како филигран, производи од дрво, плетиво, текстил, накит, разни украси, изработки од стакло и други рачни изработки. Исто така, во рамки на базарот, кој ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, ќе се одржуваат и културно забавни активности на професионални аниматори, мини-концерти на етно-бендови и други познати пејачи, како и промоција на техники за изработка на велигденски украси./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

