Скопје
Вински фестивал од 27-ми до 29-ти ноември во Метрополис арена
Четвртиот Меѓународен Вински фестивал ќе се одржува од 27-ми до 29-ти ноември во Метрополис арена, во организација на Групацијата ЕРА – Скопски саем.
„Винскиот фестивал ретставува промоција на богатата винска култура во нашата држава, а и проширување на семејството на вински ентузијасти. Со неговото одржување се негува и развива култот кон виното, сопствената традиција“, изјави проект менаџерот на Винскиот фестивал, Иво Ивановски.
Учесници на годинешниот фестивал се винарските визби, производители на млечни и месни производи. Нивните производи ќе бидат достапни за купување на самото место. Оваа година партиципираат 20 учесници. Вкусот на виното ќе го надополнат млечни и месни специјалитети од домашните најквалитетни производители.
Ефективниот спој на забавното со корисното посетителите ќе можат да го искусат и преку дегустацијата на повеќе производи и истовремена споредба на квалитетот и вкусот. Ќе се претстават најпознатите сорти грозје, категориите на вино и нивниот редослед во служење, основната поделба на храната по состав и примена, комбинирање на соодветно вино со јадење на основа на нутриционистички состав и органолептички карактеристики, професионално служење вино во ресторани, протокол во винскиот сервис, правилен начин на отворање и служење итн.
По попладневните забави со DJ, музичката програма ќе продолжи и по 19 часот сè до 01 часот по полноќ. Музичката програма на Винскиот фестивал и годинава се состои од имиња на домашната и регионалната сцена кои ќе се погрижат за доброто расположение во духот на виното: Day Off, Хавана Микс со музички спектакл директно од Куба, Дивље Јагоде, Симон Киселички Трио, Нино Величковски и Алтан Оркестар и Нокаут.
Цената на билетот изнесува симболични 100 денари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

