Скопје
ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСМ не се очекува ништо друго освен насилство, палење, ограбување на институции
СДСМ единствено што знае и умее е да ја спроведува политиката на деструкција по наредба на аболицираниот криминалец Зоран Заев, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на пресот на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, кој рече дека новата власт ќе ја стопира изградбата на барокни фасади.
„СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на жичарница на Водно. СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на арената Филип Втори, најавувајќи дека таа ќе се сруши. СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на Плоштад Македонија кој носи неколкукратно повеќе туристи во главниот град“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Понатаму уште потсетуваат дека СДСМ биле против изградбата на новиот објект на Македонскиот народен театар, против изградбата на Музејот на македонската борба и десетици други градби кои се места што се препорачуваат во странски списанија и кои ги посетуваат илјадници туристи.„Од СДСМ – Сорос не се очекува ништо друго освен насилство, палење, ограбување на институции и деструкција. Граѓаните ги прочитаа намерите на единствената партија предводена од аболициран криминалец и организацијата која учествува во иницирање на нереди во кои најголеми жртви се граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст
Извор: ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

