Скопје
Во функција прв полнач за електрични возила во Скопје
Во четврток официјално беше пуштена во употреба станица за полнење електрични возила, која е поставена на првиот кат на катната гаража „Македонска фаланга”.
„Оваа станица е наменета за полнење на сите видови електромобили (автомобил, скутер, електро велосипед) и има два приклучока за истовремено полнење со вкупна моќност од 22 kW (киловати) по приклучок. Еден електроавтомобил целосно се полни за околу 30 минути, а со овие автомобили трошокот за возење на 100 километри изнесува околу 50 денари“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.Истакна дека паркингот за време на полнењето во катната гаража „Македонска фаланга” на сите сопственици на електрични мобили е бесплатен.„Градот Скопје ќе продолжи со проекти со кои се унапредува елетромобилноста и во наредниот период ќе биде набавено вакво возило за потребите на администрацијата на Град Скопје, а ќе продолжи и процесот на поставување вакви полначи на паркинзите на Јавното претпријатие Градски паркинг“,рече уште Трајановски.Со промоцијата на станицата за полнење на електрични возила, „ПроКредит банка“ АД Скопје ги промовираше и петте нови електро мобили кои ги набави за комецијална употреба во секојдневното работење, со што стана првата компанија во Македонија што користи електромобили.Инсталацијата на оваа станица е прва од овој вид на територијата на Град Скопје, а во моментов претпријатието „Градски паркинг” има набавено две векви станици, за полнење електромобили, за што издвои 20.000 евра, 10.000 евра од станица./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

