Скопје
Во Карпош почна изградбата на црквата „Христос Спасителот“
Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сабота, го освети камен-темелникот на новата црква „Христос Спасителот“, чија градба почна во скопската Општина Карпош веднаш до трговскиот центар „Сити мол“.
„На денот на големиот доброчинител Свети Никола верувам чиниме добро дело, започнуваме нов божји дом за доброто на сите. Православните христијани од Карпош со децении го очекуваа овој ден, од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ па се таму до „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров нема храм, нема место за молитва“, рече г.г. Стефан.
Поглаварот на МПЦ додаде дека Карпош, која е поголема населба од повеќе градови во Македонија и со доминантно православно христијанско население, немаше храм.
Градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски вели дека многу често добивал прашања од граѓаните кога ќе се изгради црква за граѓаните од овој дел на градот и им се заблагодари на ктиторот и на сите оние кои помогнале да се изгради црква во овој дел на градот.
„Покрај овој свет храм, следната година ќе се стави камен-телемелникот на црквата во Влае, и уште една црква во Козле кај споменикот на Кузман Јосифовски-Питу. Бараме локација за четврти храм на територијата на Карпош 1 и Карпош 2 и со тоа мислиме дека во најголем дел ќе бидат покриени потребите на граѓаните на Општината“, изјави Јакимовски.
Ктитор на новата црква е Зоран Антиќ, сопственик на Фешн груп и неговото семејство, а донација за изградба на црквата има и од семејство на македонски иселеници во Австралија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

