Контакт

Скопје

Во недела, поради Скопскиот маратон, изменет сообраќаен режим во центарот на Скопје

Објавено пред

Во недела, по повод одржувањето на традиционалната масовна спортска манифестацијата WIZZ AIR Скопски Маратон 2016, во период од 07,30 до 14,00 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај во центарот на Скопје 

dobivaj vesti na viber

Во претходно посочениот период, целосно затворен за сообраќај ќе биде: булeвар „Илинден“, од крстосница со улица „ВМРО“ до булевар „8-ми Септември“; во продолжение, затворена ќе биде десната коловозна лента во правец од булевар „8-ми Септември“ до крстосница со улица „Никола Парапунов“.

Целосно ќе бидат затворени и улица „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“), улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрије Чуповски“, улица „11 Октомври“, улица „Пролет“, и тоа од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица „Пролет“, булевар „3-та Македонска Бригада“ до крстосница со улица „Коста Новаковиќ“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“, и тоа од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со булевар „Србија“.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од улица „Љубљанска“ и улица „Московска“ во правец од булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај студентски дом Гоце Делчев.

Во период од 7.30 до 9.45 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен и улица „Франклин Рузвелт“ од крстосница со булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а во период од 8.00 до 9.45 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен и булевар „Гоце Делчев“ од крстосница со булевар„Филип Втори Македонски“ („Стив Наумов“) до крстосница со булевар „Илинден“ и булевар .„Св.Климент Охридски“. Во истиот период затворен за сообраќај ќе биде и улица „ВМРО“ од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански Одреди“.

Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз. Промените се состојат во следново:

I. Линии со изменета траса:

– Линија бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво по своја траса, продолжува по ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) – Kл.Центар – Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама – ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“ (Jугодрво) – Tр. Центар – ул.„Владимир Комаров“ – ул„Васко Каранѓелески“ – Сп.Сала МЗТ.

– Линија бр. 3Б: Од Кванташки Пазар до Jугодрво по своја траса, продолжува по ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) – Kл.Центар – Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама – ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“ (Jугодрво) – Tр. Центар – ул.„Владимир Комаров“ – ул.„Васко Каранѓелески“ – бул.„АСНОМ“ – Кванташки Пазар.

– Линија бр. 4: oд Хрoм дo Соборен Храм по бул.„Партизански Одреди“, мост „Гоце Делчев“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Кочо Рацин“, подвозник, ул„ Aнтон Попов“, ул.„Димо Х.Димов“, ул.„Борис Трајковски“ и обратно.

– Линија бр. 5: Од Дексион – ул.„Ѓ.Петров“, бул.„Партизански Одреди“, бул. „Г.Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„К.Ј.Питу“, ул.„Владимир Комаров“, ул.„Васко Карангелевски“, Сп.Сала „MЗТ“, бул.„АСНОМ“, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Партизански одреди“, ул.„Ѓ. Петров“ и Дексион.

– Линија бр. 7 : oд Карпош 3 до Соборен Храм по нормална траса, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„К.Ј.Питу“, ул.„Владимир Комаров“, ул.„Коста Новаковиќ“, бул.„3 Македонска Бригада“ и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул.„3-та Македонска Бригада“, ул.„Коста Новаковиќ“, ул.„Владимир Комаров“, бул.„Jaнe Сандански“, бул.„К.Ј.Питу“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Партизански Одреди“ до Карпош 3.

– Линија бр. 8: Влае – бул.„Партизански Одреди“, мост Г.Делчев, бул.„Гоце Делчев“ – Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 9: Кл. Центар – ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“ (Jугодрво) и продолжува по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.

– Линија бр. 15 и 15а: од Карпош 4 до Соборен Храм по траса на линија 15, бул.„Г.Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„К.Ј.Питу“, ул.„Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелевски“, Сп.Сала „MЗТ“, бул.„АСНОМ“, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Партизански одреди“ до Карпош 4.

– Линија бр. 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста променета траса.

– Линија бр. 21: Тр.центар, бул.„К.Ј.Питу“, бул.„Крсте Мисирков“, бул. „Г.Делчев“, бул.„Партизански Одреди“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 22: Тр.центар, бул.„К.Ј.Питу“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Г.Делчев“, бул.„Партизански Одреди“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 23: Дом на печат,- ул.„Јордан Мијалков“ (ул.„Железничка“) –подвозник -бул.„Кочо Рацин“ (Југодрво), – Комплекс банки, – бул.„К.Ј.Питу“, – ул.„Никола Карев“, – ул.„Владимир Комаров“, – ул.„Васко Карангелевски“, – ул.„717“, – Спортска сала МЗТ), – бул. АСНОМ и продолжува по трасата по бул. „Киро Глигоров“ (бул.„Војводина“).

Во обратна насока: по својата траса, бул.„Киро Глигоров“ (бул.„Војводина“), бул.„Јане Сандански“, бул.„К.Ј.Питу“ (Транспортен Центар), – Народна банка, – бул.„Кочо Рацин“, бул.„Св. Кирил и Методиј“ (бул.„Мито ХаџиВасилев Јасмин“ – Рамстор) до Дом на печат.

– Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), бул.„Илинден“, ул.„Бледски Договор“, бул.„Партизански Одреди“, бул.„Г.Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Кочо Рацин“ и продолжува по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3.

– Линија бр. 25 (Милениумски крст): Тр.центар, Југодрво, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор), ул.„Мајка Тереза“ и продолжува по својата траса, а во обратната насока по ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“(Jугодрво), до Транспортен центар.

– Линија бр. 27: oд Дoм нa Пeчaт, ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“(Jугодрво), ул.„Владимир Комаров“, ул.„Коста Новаковиќ“, бул.„3-та Македонска Бригада“ и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул.„3-та Македонска Бригада“, бул.„Србија“, бул.„Jaнe Сандански“, бул.„К.Ј.Питу“, бул. „Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор), Дoм нa печат.

– Линија бр. 50: Кл. Центар, ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“(Jугодрво), Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжува по бул.„Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) и Кл.Центар.

– Линија бр. 57: Козле, ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“ (Jугодрво), Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжува по бул.„Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) и Козле.

– Линија бр. 59: Од Карпош 3 до Соборен Храм по своја траса, бул.„Г.Делчев“, Битпазар, Бутел – до К.Бара. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 59А: К.Вода, бул.„Кочо Рацин“, Битпазар и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 59Б: Ново Лисиче, бул.„Јане Сандански“, бул.„К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, Судска палата, Комплекс банки, Тр.центар, ул.„Владимир Комаров“, ул.„Васко Карангелески“, бул.„АСНОМ“ и Ново Лисиче

– Линија 31, 41, 51, 67 и 70: Тр.центар, бул.„Кочо Рацин“, подвозник, ул.„Антон Попов“, ул.„Димо Х.Димов“, ул.„Борис Трајковски“ и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија 58: Тр.центар, бул.„Кочо Рацин“, подвозник, ул.„Антон Попов“, ул.„Димо Х.Димов“ и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

Поради одржување на „Скопскиот маратон 2016“, на ден 08.05.2016 год.туристичката линија „Sity tour“ која поаѓа од Порта Македонија нема да сообраќа.

Сите линии кои го користат Мост Гоце Делчев како дел од трасата на движење во периодот од 8,00 до 9,30 часот поради затворање на истиот, ќе ја користат алтернативна траса преку ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Македонија“ (Јужен Булевар) – во една и ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) во друга насока

II. Линии со непроменета траса:а) Градски линии: 2, 2А, 19, 22А и 65В

б) Приградски линии: 11, 18, 47, 47а, 53, 55, 56, 60, 61, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71,81./крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар

Објавено пред

Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:

1. Општина Чаир – 54 записници

2. Општина Карпош – 18 записници

3. Општина Аеродром – 11 записници

4. Општина Центар – 9 записници

4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници

5. Општина Гази Баба – 2 записника

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Објавено пред

Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.

dobivaj vesti na viber

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови од Центар и Сарај

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;

· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Луѓето што ги гледавме како идни лидери на Иран се мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои голема неизвесност околу иднината на Иран по ескалацијата на војната на Блискиот Исток....

Македонија2 часа

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски. Објавена е јавната набавка,...

Економија2 часа

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека...

Свет3 часа

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет3 часа

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет3 часа

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија15 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија15 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија21 час

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија22 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија22 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија22 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија23 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија23 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија23 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија1 ден

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија1 ден

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...