Скопје
Започнаа градежните aктивности на атмосферскиот колектор на булеварот Киро Глигоров
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и в.д. директорот на јавното претпријатие “Водовод и канализација”, Бојан Василевски во неделата присуствуваа на почетокот на градежните работи на подвозникот на булеварот “Киро Глигоров”, каде изминатиот период повеќе пати се создаде поплава по големите врнежи на дожд.
Градот Скопје, во соработка со јавното претпријатие “Водовод и канализација” изработи акционен план за сите градежни зафати коишто треба да се изведат на десетте точки каде се создаваат поплави и најголемиот број од нив ќе бидат завршени во период од 2 до 3 месеци.
Со овие градежни зафати почнуваме со решавање на проблемите коишто ги имаме со поплавите кои ни се случија по поројните дождови годинава. Имено, при поплавите лоцирани се десетина места кои се критични и се создаваат поплави, а ова е едно од тие места. Денеска започнаа градежните работи на булевар “Киро Глигоров”, каде на потег од околу 100 метри се прави нов атмосферски колектор со профил ф-800 милиметри, со што сметаме дека проточноста на атмосферските води ќе се зголеми за двојно. Дополнително со овие градежни зафати се исправува атмосферскиот колектор, кој досега имаше две прекршувања под агол од 90 степени, со што сметаме дека ќе се надминат досегашните проблеми. Исто така, на овој атмосферски колектор пред влезот во реката Вардар, исто така има прекршување под агол од 90 степени кои треба да биде корегиран во наредните 15 дена. Покрај овие зафати, на оваа локација ќе се стават попречни решетки кои ќе бидат поставени на повисокото ниво пред падот на косината, со што атмосферските води ќе бидат прифатени во повисокиот дел и ќе бидат однесени директно во атмосферскиот колектор, пред овие води да дојдат во нискиот дел каде што се црпат со пумпи и се создаваат поплави, кажа Трајановски.
Покрај зафатот на булевар “Киро Глигоров”, Трајановски говореше и за планираните зафати на сите десет критични точки во Скопје.
На сите десет точки ќе бидат извршени активности за намалување на можноста за појавување на поплави во иднина, како што е поставување на попречни решетки, зголемување на сливниците и нивно продлабочување, а веќе се работи на терен за надминување на проблемот на улица “Финска”. На оваа улица веќе е направен колектор од 150 метри и решен е проблемот којшто се јавува на едниот крак, но крајното решение ќе се добие со зафатите кои ќе се прават на улица “Маџари”, каде покрај реконструкција на оваа улица, ќе се направи и нов атмосферски колектор на потег од улицата “Антон Попов” до булеварот “Александар Македонски”. Атмосферскиот колектор ќе биде со профил од 800 до 1000 милиметри и сметаме дека со овој зафат ќе се решат проблемите на улица Финска и целата населба Ченто. Тендерот за изведбата на овој зафат ќе биде распишан од 10 до 15 октомври и неговата проектирана вредност е околу 60 милиони денари. Како локација којашто е попроблематична и бара поголем зафат е подвозникот кај кружниот тек на улица “Боца Иванова” во Бутел, каде што во тек е изработка на проект и до крајот на декември ќе биде објавен тендер за изведба, чијашто проектантската вредност е околу 30 милиони денари, кажа Трајановски.
На подвозникот на булевар Гоце Делчев кај стоковната куќа МОСТ, планирано е поставување на нови попречни сливници на улицата “Лазар Личеновски” и на делот до објектот на новиот театар, кој нема да дозволат атмосферските води да се враќаат во најнискиот дел на подвозникот. Дополнително, предвидена е и изградба на нов атмосферски колектор со поголем капацитет, кој би се движел од најниската точка на подвозникот до атмосферскиот колектор кај споменикот на Филип Втори Македонски.
Вкупна инвестиција за градежните зафати на сите овие десет точки е околу 2 милиони евра.
Градоначалникот Трајановски упати апел до општините во Скопје, да започнат активности за лоцирање на критични точки на локалните улици и изградба на атмосферски канализации на истите, коишто потоа би се поврзале со главните атмосферски колектори и со ова би се надминале поплави. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.




Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.

