Скопје
Заврши сезоната на Аква паркот во Скопје
Аква паркот во Скопје, што се наоѓа во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“ од четврток е затворен за посетители, соопшти директорот на спортскиот центар, Златко Перински.
„Втората година во Градскиот Аква Парк помина и подобро од она што очекувавме. Иако, реално, летото не беше баш со високи температури и вистински жешки денови, сепак, граѓаните ја одбраа оваа локација. Со самото отварање на единствениот аквапарк во градов, Скопјани освен што добија нова забава, имаа можност и да ги уживаат содржините кои се во склоп на овој објект. Сезоната ја започнавме во месец јуни и до денес имавме повеќе од 30.000 посетители. Бројка, која ја покажува актуелноста на оваа летна локација која им е омилена на сите генерации, изјави Перински.
За наредната сезона најави нови интересни содржини кои ќе ја зголемат понудата на оваа летна локација, а до тогаш на сите ќе им бидат достапни останатите услуги од СЦ „Борис Трајковски“ кои можат да ги користат во текот на целата година.
Аква Партко се простира на површина од 12.000 метри квадратни и содржи 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, санитарни јазли, соблекувални и прва помош.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

