Скопје
Жерновски предлага возењето во Дебар Маало да се ограничи на 30км/ч
Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски најави нов проект: во цело Дебар Маало да се вози со максимална брзина од 30 километри на час.
На седница на Советот на Општина Центар одржана во средата, Жерновски го најави новиот проект „Дебар Маало Зона 30“ и очекува поддршка од сите советници во овој дел од Центар да се вози со максимална брзина од 30 километри на час.
Најдолга дебата на седницаа се разви околу новата боемска улица во Дебар Маало. Советникот од ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Трпески го праша градоначалникот Жерновски зошто, како што рече тој – најскапата улица во Македонија е направена на друга локација, а не како што било ветено во предизборната програма и зошто за целата сума пари се направени само, како што рече, 200 метри улица?
Жерновски одговори дека тврдењето дека улицата е најскапа е тенденциозен, бидејќи целиот потег кој е испланиран финансиски е многу поголем.
„Не е реконструирана само улицата „Ѓорги Пешков“. Вкупната површина е 2700 м2, а во тоа се опфатени и дел од тротоарите од улица „Орце Николов“, на спојот со Ѓорги Пешков, дел од улицата „Мирослав Крлежа“, спојот на улицата „Орце Николов“ со „Михаил Цоков“ и тротоарот на улица „Михаил Цоков“, која се наоѓа спроти општина Центар“, рече Жерновски.
Тој додаде дека „обидот да се дискредитира општината е неиздржан и нестручен.
„Неумесна е споредбата со улицата „Никола Вапцаров“, бидејќи огромна е разликата на квалитетот на материјалите на двете улици. Наша тенденција е улиците да траат долго. По само три години од реконструкцијата на Никола Вапцаров плочките таму испукаа. По објавувањето на сликите, тие експресно почнаа да се менуваат“, рече Жерновски.
Што се однесува до тендерската постапка, Жерновски посочи дека таа била комплетно транспарентна.
По реконструкцијата на улицата, додаде, 35 – 50% е зголемен прометот на двете кафеани, а трета се отвора.
Градоначалникот истакна дека угостителите бараат боемската улица да продолжи до градежниот факултет и како што рече – не се откажува од тој проект, даден во предизборието, но и за тоа треба да се добијат соодветните дозволи.
Споредувајќи ги бројките за боемската улица, Жерновски кажа дека улица која беше желба на жителите и е потреба на угостителите е поевтина од еден споменик или од една фасада од проектот Скопје 2014.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.




Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.

