Скопје
Жерновски: Училиштата што ќе ги заклучат вратите ќе бидат санкционирани
Доколку некои училишта ги затворат вратите или вршат притисок врз учениците, ќе бидат најстрого санкционирани.
Ова во среда го изјави градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, по пишувањата во некои медиуми дека директорите на некои училишта добиле наредба да ги заклучат вратите за учениците да бидат спречени да учествуваат во студентскиот протест против државниот испит.
Жерновски денеска ги повикал и директорите на седумте основни училишта на територијата на општина Центар на која ги прашал дали за денеска од некого добиле наредба да се однесуваат со посебен режим поради студентскиот протест и најавата дека и учениците ќе дадат поддршка.
„Директорите рекоа дека не биле присутни на понеделничкиот состанок во гимназијата „Јосип Броз Тито“, за кој имаше информации дека е партиски. Јас не сум истражен судија да испитувам кој бил, кој не, но јавноста можеше да види кој бил од директорите присутен. И мене ме интересираше целта на разговорот, зошто биле повикувани и присутни по партиска структура. Јасно им кажав дека доколку се случи, како и во некои средни училишта, да ги затворат вратите или да вршат притисок врз учениците – ќе биде најстрого санкционирани. Ова важи за сите партии, нема да дозволам партиско мешање или инволвирање во образованието во Центар“, изјави Жерновски по средбата со директорите.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

