Скопје
Жителите на Карпош бараат парите за парк да се пратат како помош од поплавите
Жителите на Карпош 4 од Скопје, бараат од општината да ги пренамени средствата предвидени за новиот плоштад во нивната населба кој треба да се протега на површина од 2.900 м2, во вредност од 18,8 милиони, кон настраданите од катастрофалните поплави во општините Гази Баба и Илинден.
„Ние жителите на Карпош 4, ги повикуваме градоначалникот и останатите општински власти, во име на големината на оваа општина, како во својата територија, така и во хуманоста на нејзините жители, да ги пренаменат средствата предвидени за оплеменување на овој простор во населбата Карпош 4 кон настраданите од катастрофалните поплави во општините Гази Баба и Илинден“, велат жителите на Карпош 4.Сметаат дека голем дел од граѓаните на Карпош, иако сакаат да помогнат преку донации или со директна вклученост, сепак не се во можност истото да го направат од различни причини, но бидејќи нивни пари се слеваат во општинската каса, од таму и треба да се донира.„Ние како жители на Карпош 4, ќе се задоволиме и со обична табла на која пишува дека децата од Карпош 4 се откажале од ново игралиште во име на хуманоста. Нашите деца се свесни дека многу нивни другарчиња и врсници веќе немаат топол и сув дом, а преку ваквата несебичност ќе научат и ќе дадат пример за тоа што значи да се биде вистински хуман“, велат карпошани.Исто така, побараа општинските власти итно да свикаат седница на советот, на која ќе биде разгледан нивниот предлог за кој тие се подготвени да соберат и потписи.„Дополнително, доколку општината тоа сѐ уште го нема направено, ја повикуваме веднаш да ја отстапи сета расположлива механизација и да ја стави во владение на град Скопје и Центарот со управување со кризи, како истата би се упатила да помогне во загрозените подрачја. Граѓаните на Карпош се познати по својата хуманост и знаат да направат приоритети кога тоа е потребно. Сега е време да се подаде рака на оние кои изгубиле буквално сѐ“, велат карпошани.Предлагаат и општината да ги потсети сите компании со кои соработува и кои изведувале работи на нивна територија дека во овие моменти е најбитно да се покаже општествена одговорност и дека исклучително важно да се помогне на граѓаните од загрозеното подрачје. „Бараме општината преку допис и јавен повик, да ги замоли и тие да позајмат дел од својата механизација и дел од својот кадар на ЦУК, со што би помогнале побрзо да се санираат последиците од оваа елементарна непогода“, велат жителите на Карпош 4./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.




Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.

