Скопје
ЗОО Скопје со богата програма во номеври и декември
ЗОО Скопје и долгогодишните соработници ја збогатуваат едукативно-рекреативно забавната содржина и активности во престојниот период, кои ќе се одржуваат во Едукативниот центар 2.
Дел од нив се Поточиња, добро познати на децата и родителите, кои музички го збогатуваа амбиентот на ЗОО фестивалот кој во серијал од 16 епизоди се одржуваше во зоолошката. Дружењето со нив посетителите ќе може да го планираат во период од 13.30 часот до 14.30 почнувајќи оваа недела, 15-ти ноември, потоа 22–ри ноември, 29-ти ноември и 6 декември).Во периодот од 11-13 часот посетителите ќе можат да ги проследат предавањата кои ќе ги држат стручни лица од Здружението за класична хомеопатија Деница и тоа: првото оваа недела 15-ти ноември Општо за хомеопатија, а во некои од наредните викенди продолжуваат со Хомеопатија при грип и настинки, Прва помош со хомеопатија и Хомеопатија при терапија на животни.ЗОО Скопје со Креативен центар Ѕвезда КАТ Продукција Скопје, пред се на помладите посетители им нуди интерактивно да се вклучат во отворените часови на Драмското и Арт студио oд 11 до 13 часот во Едукативниот центар 2 на 28 ноември /сабота и 29 ноември /недела.Следниот викенд во сабота (12 декември) во 14.30 премиерно ќе биде прикажана интересна и интерактивна детска претставата „ЗОО Автобус“.Потоа во недела (13 декември) во 11 часот следи Работилница за дизајн и изработка на облека за миленичиња.Овогодишното дружење на децата и ЗОО Скопје и КЦ „Ѕвезда“ ќе заврши со новогодишна претстава „Мачорот во чизми“, во 12 часот во сабота 26 декември./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




