Скопје
Без струја дел од село Кондово
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај.
Прекинот ќе биде во период од 08:00 – 12:30 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано два прекини во водоводната мрежа и тоа:
– Поради промена на вентил од ф 2“ на улицата Никола Парапунов бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.
– Поради дефект на приклучна цевка од ф 1“ на улицата Копенхагенска бр.6 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Копенхагенска, Бриселска, ГаврилЛесновски, Стокхолмска, Његошева, Петар Драганов и дел од Софиска во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување на работните активности.
Скопје
Дел од Ѓорче Петров без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од на ул.Црногорска бр.55, 57, 59, 16 (општина Ѓорче Петров)
Скопје
Хуманитарни пакети за социјално загрозените лица во општина Ѓорче Петров
Денес, на денот на Свети Василиј Велики – симболот на дарежливоста и хуманоста, Општина Ѓорче Петров, заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, спроведе акција за доделување хуманитарни пакети на социјално загрозените лица и семејства, извести општината.
Акцијата беше реализирана во соработка со општествено одговорна компанија, со цел да се пружи поддршка на оние на кои им е најпотребна во овие празнични денови. Пакетите вклучуваа основни прехранбени и хигиенски производи, додека за најмалите беа подготвени посебни изненадувачки пакетчиња, кои донесоа радост, насмевки и топлина во домовите на нашите сограѓани, велат од општина Ѓорче Петров.
„Свети Василиј Велики целиот свој живот го посветил на помагање на најслабите, а неговото дело нè инспирира и денес. Со оваа акција сакаме да потсетиме дека секое семејство заслужува достоинствени празници и полна трпеза,“ изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
„Оваа иницијатива е уште еден доказ за посветеноста на Општина Ѓорче Петров да создава заедница заснована на хуманост, солидарност и грижа за најзагрозените категории граѓани“, додаваат од општината