Македонија
Советот на јавни обвинители и Собранието не попуштаат, Јанева мора да дојде
Советот на јавните обвинители по втор пат ја одложи седницата, а Собранието по трет пат ја одложи комисиската расправа на коишто требаше да се разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство за неговите активности во првите шест месеци.
Иако Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во вторникот децидно изјави дека нема да го презентира извештајот ниту пред Советот, ниту пред Собранието, сепак членовите на Советот едногласно одлучиле дека Јанева мора да дојде.„Денешната седница е повторно одложена за во понеделник во 11 часот бидејќи по отворената дискусија меѓу членовите на Советот заклучивме дека е нужно да дојде и да присуствува специјалната обвинителка, Катица Јанева заради разјаснување на некои работи коишто ни се нејасни. Сметаме дека мора да дојде, ќе добие денеска и писмена покана“, изјави претседателот на Советот, Петар Аневски.Тој не кажа конкретно што точно во извештајот не им е јасно, но најави дека во понеделник доколку не дојде Јанева, по завршувањето на седницата ќе ги кажат сите нејаснотии.„Ние не го гледавме дел по дел извештајот, в понеделник по завршувањето на седницата мислам дека ќе се разгледува извештајот, ако не е присутна Јанева, ќе ви ги кажеме сите нејаснотии. Секој од членовите има свои прашања и треба да се разјаснат“, рече Аневски.На конференцијата за корупција што се одржа во вторникот во Скопје со романската обвинителка присутен беше и Аневски и таму ја слушна изјавата на Јанева дека нема да дојде.„Ние тоа го имавме земено во предвид, но сите членови едногласно одлучија дека Јанева треба да дојде“, вели Аневски.Претседателот на комисијата за политички систем, Влатко Ѓорчев пак во Собрание по трет пат ја одложи седницата за разгледување на извештајот на Специјалното јавно обвинителство и рече дека Јанева продолжува да го негира Собранието. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

