Македонија
Мигрантите повторно протестираат во Идомени
Бегалците и мигрантите повторно во среда протестираа во кампот кај Идомени на границата меѓу Грција и Македонија и на грчките острови во близина на турскиот брег.
Неколку стотици демонстранти се собраа на границата прекинувајќи го синџирот за снабдување којшто го организирале добротворните организации за мигрантите во шаторите, барајќи границата повторно да се отвори.Покрај тоа, околу 150 мигранти ја блокираат едната лента на автопатот и надвозникот во близина на градот Поликастро организирајќи демонстрации пред малиот хотел во којшто во главно се сместени работниците на добротворните организации, јавува АП.Некои од мигрантите, пак, сметаат дека протестите немаат смисла. „Мислам дека ова е погрешно, мораме да влеземе во програмата за релокација, тоа е единствено решение“, изјавил за АП, Бајан ал Асаф, дваесетгодишен Сириец од Хомс кој се наоѓа во Идомени со своите родители, сестрата и братот и се надева дека ќе стигне во Германија или Холандија.Услoвите во бегалскиот камп во Идомени постојано се влошуваат по неколкудневните дождови кои местото го претвориле во кал, а во вторник еден млад Сириец се самозапали во знак на протест поради неиздржливата ситуација.Бегалците во Идомени не знаат кои опции ги имаат. „Заминав од Сирија за да одам во Германија, не да бидам тука“, изјавил еден од нив и вели дека не се согласува со протестите но околностите ги принудиле луѓето да демонстрираат. Помали протести избиле и во три кампа на три грчки острови каде уапсените мигранти и бегалци чекаат да бидат вратени во Турција.Од неделата, кога стапи на сила договорот меѓу Турција и ЕУ, властите во Грција ги апсат сите бегалци и мигранти кои стигнуваат во нивната земја, но сѐ уште не се знае кога ќе почне депортацијата./крај/мф
Извор: Tanjug
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.