Македонија
Улица Mакедонија ќе потонe во мрак за часот на планетата Земја
Улица и порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Музејот на холокаустот, новиот објект на Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, мостот „Око“, Мостот на уметноста и плоштадот „Филип Втори“ се локациите во Скопје, што ќе потонат во мрак за Часот на планетата Земја.
Шеста година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, кога во 20.30 часот по локално време, во период од еден час во мрак ќе потонат над 162 земји и 7.000 градови ширум светот.
Македонија оваа година го урива минатогодишниот рекорд на исклучени локации, па така оваа година бројката надминува над 60 локации низ целата Република кои ќе го исклучат осветлувањето за Часот на планетата Земја.
Централниот настан е закажан на улица Македонија, кога во 20.30 часот веднаш по исклучувањето на целосното осветлување, скопјани ќе бидат сведоци на неверојатен флеш моб перформанс со специјални светлечки ефекти, а настапот ќе биде поддржан од волонтерите на Црвениот крст кои ќе ја осветлат улица Македонија со свеќи.
Освен оваа локација, во градот Скопје во мрак ќе потонат и порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Музејот на холокаустот, новиот објект на Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, мостот „Око“, Мостот на уметноста и плоштадот „Филип Втори“.
И скопските општини Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров најавија своја поддршка кон акцијата и во 20.30 часот ќе го исклучат осветлувањето на повеќе локации на својата територија.
Во Охрид, пак, во мрак ќе потонат Самуиловите тврдини, црквата „Канео“ и споменикот на свети Кирил и Методиј.
Своја поддршка кон акцијата најавија и градовите Прилеп, Кавадарци, Ресен, Струмица и Битола, а осветлувањето ќе биде исклучено и во резерватот Јасен, цементарницата Усје и салоните на мобилниот оператор ВИП.
„ Можам само да потврдам дека оваа година го имаме најголемиот час за планетата Земја во Македонија. Ги повикувам сите граѓани да ја покажат својата моќ и да ги исклучат светилките оваа сабота во 20.30 часот. Македонијо, вклучи се во акцијата и исклучи ги светилките“, изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.
Во Часот на планетата Земја трета година по ред се вклучува и Црвениот крст на Република кој преку своите 34 општински организации и Црвениот крст на град Скопје помагаат во проширување на акцијата низ целата Република./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека постои поврзаност меѓу Венко Филипче и сопственикот на компанијата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, во врска со случајот со запленета дрога.
Од партијата велат дека во јавноста се појавиле фотографии на кои двајцата се заедно, што, според нив, ги демантира изјавите на Филипче дека не ги познава лицата поврзани со фирмата.
„Откако со денови СДСМ се обидува да ја релативизира аферата со запленетата дрога, вистината излезе на виделина. Филипче тврдеше дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата, но фотографиите покажуваат поинаку“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто, како што велат, владејачката партија реагира на случајот со запленети над 30 тони дрога и дали постои поврзаност со поранешни функционери.
Од партијата повикуваат Јавното обвинителство да ја испита можната поврзаност на Филипче со случајот.

