Македонија
Во ДИК одбиен и третиот приговор на СДСМ
Сите девет членови, вклучително и од опозициските социјалдемократи, на Државната изборна комисија (ДИК) длабоко во ноќта кон петокот го одбија и третиот приговор на опоициската СДСМ.
Ваквата одлука ја донесоа членовите на ДИК по увидот на гласачката кутија од шестата изборната единица, откако СДСМ вложи приговор поради наводни нерегуларности во пребројувањето на гласовите.
Членовите на Државната изборна комисија изгласаа дека треба да биде направен увид во изборниот материјал од гласачкото место 2.024 и откако увидот беше направен, беше утврдено дека ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 64 гласа, СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија освоиле 48 гласа, Движењето БЕСА – 48 гласови, ДПА – 35 гласа, а Алијансата за Албанците -19 гласови.
На овој начин се утврди дека состојбата со освоените гласови на партиите е идентична со записникот број 16 од ова избирачко место. Утврдено е дека има 14 неважечки ливчиња, а неупотребени се 212.
Со тоа одбиени се вкупно три од осумте приговори на СДСМ за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирањтое на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11-ти декември.
Државната изборна комисија претходно ги отфрли двата приговора на СДСМ, за избирачките места во општината Теарце, исто така, во шестата изборна единица. Приговорите за овие избирачки места се однесуваат на преправани записници како и несовпаѓање на бројките на гласачите со распределбата на гласовите.
Претходно во четвртокот ДИК отфрли седум приговори од Движењето БЕСА, а само еден приговор беше оставен за да се однесе потписот на Фатиме Сулејмани на графолошко вештачење за да се потврди дали потписот е веродостоен или друг се потпишал наместо неа.
Роковите според избрниот законик беа до 24 часот во четвтокот, а потоа течат и роковите за жалби пред Управниот суд.
Пред седиштето на ДИК во текот на целата ноќ има силно полициско обезбедување и голема група поддржувачи на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои порачуваат дека нема да дозволат „да им биде украдена победата“ на изборите на 11-ти декември.
На масата ѝ се обратија повеќе функционери и кандидати за пратеници од владејачката партија, кои повикаа „да се почитува волјата на избирачите“ и порачаа дека ќе останат и натаму пред ДИК, сé додека не бидат потврдени првично соопштението резултати од изборите според кои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 51, а коалицијата на СДСМ 49 пратенички мандати./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

