Македонија
Во среда, во ек на изборна кампања, ќе се садат дрвја
Во среда, е неработен ден, освен за здравствените работници, соопштија од Министерството за труд и социјална политика, затоа што ќе се организира традиционалната манифестација Ден на дрвото, кога на територија на цела република ќе се засадуваат дрвја.
Валква одлука, донесла Владата на Република Македонија на седница одржана во петокот.
По повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции.
На денот на акцијата градинките да се со вообичаено работно време, препорачуваат од таму.
Датумот за одработување дополнително ќе се определи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен ветер ја зафати Битола: на неколку локации предизвикани штети
Силен ветер попладнево ја зафати Битола, според објавија надлежните во овој град.
Ветерот според информациите предизвикал штети на неколку локации.
„Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, постојано се на терен, по силниот ветер кој денес ја зафати Битола и сеуште предизвикува штети на повеќе локации.
Екипите дејствуваат координирано на повеќе места, а ќе останат на терен се до расчистување на сите локации“, соопштија од општинската управа.
Македонија
Сиљановска Давкова ја прими Шекеринска: единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.
За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.
Претседателката изрази уверување дека Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.
Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него.
Македонија
Мицкоски на средба со Вучиќ и Вучевиќ: Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека остварил средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевић и со српскиот претседател Александар Вуќиќ.
„Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка.
Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти.
Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици“, објави Мицкоски по средбата со српскиот премиер.
Појасни дека имал средба со претседателот на Република Србија, Александар Вичиќ.
„Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, напиша Мицкоски за средбата.