Македонија
Врачени уверенијата на новите пратеници
Во Државната изборна комисија (ДИК), во среда, бea врачени уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016.
Уверенијата им беа врачени на овластените претставници на коалициите и политичките партии кои освоија пратенички места, а не како досега лично на новоизбраните
пратеници.
Според најавите од партиите нема да биде познато кој ќе ја конституира новата Влада до втората половина на јануари.
Деветтиот македонски парламентарен состав ќе има 120 народни избраници. Најмногу мандати освои коалицијата предводена од ВМРОДПМНЕ 51, коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2. Нема да има народни избраници од дијаспората поради недоволен број гласови.
Се очекува Собранието попладнево да го соопшти датумот на одржување на Конститутивната седница, која треба да биде свикана најдоцна до сабота, 31 декември, на полноќ.
Конститутивната седница, според најавите, ќе ја свика и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски. Нема информација дали на истата седница ќе бидат и избрани претседател и заменици претседатели на Собранието или само ќе бидат верифицирани мандатите на пратениците.
По конституирањето на Парламентот, претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Доколку не формира влада, мандатот се враќа кај претседателот, а тој го предава на втората партија по број на мандати и постапката се повторува./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата Мирослав Крлежа, како и корисниците од улиците Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов, општина Центар;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Миле Поп Јорданов лоцирани во околината на хотел Гранит, општина Карпош.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Јосиф Михајловиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јосиф Михајловиќ и Атанас Бабата, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Сончево време со температура до 19 степени, од недела заладување со услови за дожд
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во сабота ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во следните два дена ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд и пониска дневна температура. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.
Фото: Unplash
