Македонија
Здружение на судии: Судиите имаат капацитет да ја вршат функцијата според закон

Еден месец откако се состанаа Здружението на судии ги сублимираше ставовите на сите судови во Македонија и изгради заеднички став за снимките коишто ги објави опозицијата, а коишто според СДСМ се доказ за спрегата меѓу власта на судството.
„Судиите имаат капацитет и интегритет да ја вршат судиската функција согласно Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Македонија и со тоа обезбедуваат непристрасно судење, заштита и унапредување на слободите и правата на граѓаните и доследно почитување на принципот на владеење на правото“, се вели во соопштението на Здружението на судии. Заев презентираше аудио снимка на телефонски разговор за кој тврди дека е воден меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот министер за правда Михајло Маневски, во кој, како што рече Заев, било договарано да се „намести“ судска одлука.Претседателот на СДСМ обвини дека и коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се пазареле при поставувањето на „свои луѓе“ во судовите. Презентираше разговор, за како што рече, местење на претседател на Врховниот суд, меѓу директорот на УБК, Сашо Мијалков и Муса Џафери од ДУИ./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Алиу: Се зајакнуваат капацитетите на болницата во Прилеп, промовирана нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски, денеска ја посетија Општата болница во Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема, во вредност над 50 милиони денари.
– Со новата медицинска опрема се зајакнуваат капацитетите на оваа јавна здравствена установа. Поголем дел од опремата е наменет за одделението за гинекологија и акушерство и опфаќа современи апарати и нови гинеколошки столови, со што се создаваат подобри услови за работа и третман. Првпат во Прилеп воведуваме лапароскопија и хистероскопија, што претставува голем напредок во гинеколошко-акушерската здравствена заштита. Со тоа, пациентките повеќе нема да имаат потреба да патуваат во други градови за вакви интервенции, информираше министерот Алиу.
За гинеколошкото одделение е обезбеден дигитален електрокаутер – современ апарат за безбедни и прецизни хируршки интервенции и контрола на крварења. По повеќе од 15 години, целосно се обновени и гинеколошките столови за прегледи и породување, кои овозможуваат повисок стандард на удобност и сигурност за родилките и персоналот.
-Покрај новата опрема, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време, од кои 21 доктор, 49 медицински сестри, 34 болничари, 6 физиотерапевти и друг медицински и немедицински кадар. Овие инвестиции претставуват уште еден значаен чекор во континуираната заложба на Министерството за здравство за унапредување на здравствената заштита и обезбедување современи услови за третман и дијагностика на пациентите, истакна Алиу.
Македонија
Министерството за култура: Дозволата за градба кај куќата на Владо Малески ја издало раководството на СДСМ

Министерството за култура и туризам остро ги отфрли обвинувањата од СДСМ во врска со оштетувањето на заштитениот објект – куќата-музеј на Владо Малески во Струга, оценувајќи ги како „неточни, тенденциозни и политички мотивирани“.
Од Министерството посочуваат дека решението за рушење на соседниот објект и изградба на нов, во сопственост на лице од струшкото село Велешта, е издадено на 17 јули 2023 година, во период кога институциите биле под раководство на СДСМ.
„Ова јасно покажува дека токму претходната власт, наместо да го штити културното наследство, го занемаруваше и игнорираше“, стои во реакцијата.
Од Министерството информираат дека веднаш по добивањето на информациите, стручен тим од Завод и музеј – Охрид извршил увид, а на терен е и инспекциската служба од Управата за заштита на културното наследство, која ја проверува состојбата со објектот.
Во соопштението се нагласува дека ресорот останува „посветен на вистинската заштита и унапредување на културното наследство“, додека, како што наведуваат, СДСМ рушеше објекти, а ги рушеше и јазикот, културата и идентитетот. Министерството порача дека културното наследство не смее да биде жртва на политички манипулации и дневнопартиски интереси.
Вчера беше објавено дека поради изградба на објект во Струга, оштетени биле ѕидот и кровот на куќата-музеј на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна, која е споменик заштитен како културно наследство. Од опозициската СДСМ обвинија дека тоа не е изолиран инцидент,туку резултат на системска незаинтересираност, институционална парализа и политичка неодговорност на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Петар Јанков, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес се заблагодари за огромната поддршка која што ВМРО-ДПМНЕ ја добива од граѓаните во Струмица.
„Секојдневно сме меѓу вас, разговараме, добиваме огромна поддршка, благодарност за поддршката“, вели Јанков.
Јанков ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, се со цел огромна победа во Струмица.
„Ве повикувам на 19 октомври масовно да излезете, да го заокружите бројот 9 и да извојуваме една голема победа во Струмица“, истакна Јанков.