Македонија
(Видео) Арсовски: Судијката Мери Дика учествувала во „перење пари“ со Бојан Јовановски
Луј Витон-правосудството на Заев и СДСМ го урниса целиот правосуден систем во Република Македонија. Судијката од апелациониот суд Мери Дика, инаку кума на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, јавно призна дека е вклучена во перење пари во корелација со Бојан Јовановски, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Судијката Мери Дика призна дека дозволила нејзините податоци да бидат користени за да се изврши поврат на данок за сè што пазарел Бојан Јовановски и неговото семејство во Милано, Италија. Имајќи го предвид луксузниот стил на Бојан Јовановски, кој се мери во илјадници, но и во стотици илјади евра, нималку не се сомневаме дека тоа биле огромни суми пари кои Мери Дика ги извадила користејќи ги нејзините лични податоци и истите му ги предала на Бојан Јовановски – Боки 13 и со тоа автоматски извршила дело „перење пари“.
Здобиените пари од повратот му ги дала на Бојан Јовановски, имајќи предвид, како што реков, дека троши огромни суми пари за својот луксузен стил на облекување. Прашањето е дали тие стекнати пари откако ги извадила, откако му ги дала на Бојан Јовановски, била свесна и знаела од каде се снабдени, имајќи предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки, односно нема сметки со легално легнати пари?
Со секое ново сведочење во „Рекет“ излегуваат на површина сите постапки на инволвираните во истиот случај.
На Кацарска ѝ се заканува затвор до 11 години поради влијание врз друг судија и уште веднаш треба да се суспендира, од страна на Иван Џолев. Според сведочења, Русковска била вмешана во криминал од 4 милиони евра. Денес гледаме дека Мери Дика „перела пари“ за Бојан Јовановски.
Како што реков, имајќи предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки каде што има легално стекнати пари, прашањето е дали можеби овие пари коишто се трошени во Милано, односно за коишто се користени личните податоци на судијката Мери Дика се пари стекнати од рекетирање.
Кацарска-судството и русковска-бвинителството е реалноста на правосудниот систем во Република Македонија. Затоа ни е потребен закон кој нема да дозволи штитење на криминалот. Зоран Заев и СДСМ се виновни за сè ова што се случува и одговорност мора да има за сè она што е направено во делот на криминални деанија од страна на оваа влада“ порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Шуто Оризари.
· Од 08:30 до 14:00 часот корисниците од село Дељадровци во општина Илинден;
· Од 09:30 до 13:30 часот корисниците од село Горно Оризари, Фарма „Глуво“ село Голиево, Пречистителна Станица Бразда, Стопански Објект на „Гранит“, „Златомир“, „Данчо Ацков“ во општина Шуто Оризари.
Македонија
Наутрo слаба магла, преку денот сончево време
Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.
До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која само понекаде ќе остане подолготрајна. Од недела времето ќе биде променливо облачно и постудено, а на почетокот на следната недела наместа ќе има појава на повремен дожд, на највисоките планини услови за краткотраен снег.
Македонија
Мицкоски: Во Будимпешта разговарав со Макрон за одблокирање на македонскиот пат кон ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека денеска, на маргините на политичкиот настан во Будимпешта на кој присуствува, се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон.
„На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател Емануeл Макрон. Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме сè од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, напиша Мицкоски.