Македонија
(Видео) Стојаноска: Македонија на дното на листите според проценката за закрепнување од коронавирусот
„Состојбата со коронавирусот наметнува многу прашања, но и дилеми. И, наместо соодветно и навремено справување со ситуацијата, гледаме само задоцнети мерки. А од самиот почеток, уште кога се појави првиот случај на коронавирусот во Македонија, кон крајот на февруари, ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретни мерки кои требаше да се преземат. Предложените мерки се презедоа, но со многу доцнење. А, за тоа цената е висока. Има жртви, а економијата тоне“, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, земјава се наоѓа на дното на листите, според проценката за закрепнување од коронавирусот.
„Меѓународната ФМ Глобал ја направи можеби првата проценка за тоа како може да изгледа закрепнувањето на државите откако вирусот ќе се повлече. Едноставно, процени кои се државите што ќе може полесно да дишат. Анализирани се и има оценки за 130 земји. На врвот на листата се Данска и Норвешка или тие најбрзо ќе закрепнат.Македонија е на дното. Таа се наоѓа на 100-тата позиција. Пред нас се сите земји во регионот, Хрватска е на 37. место, Словенија на 42., Србија на 63. и Босна и Херцеговина на 70. место.
За појаснување, која земја како ќе закрепнува се земаат предвид фактори како: политичка стабилност, корпоративно управување, ризик на животната средина, логистика на синџирот на снабдување и транспарентност. Стигна првата потврда за она што го говори ВМРО-ДПМНЕ: дека ако не се преземат соодветни мерки и навремено, последиците ќе се големи. Сите во регионот економски ќе закрепуваат побрзо од нас. Свестете се, кај нас тешкото допрва претстои. Деновиве сме сведоци и на несоодветен одговор и за медицинските теми.
И додека министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека дел од пациентите треба и може да се лекуваат во домашни услови, има случаи кога тие починуваат на пат до болница. Филипче вели дека има доволно тестирања и резултати навреме, но има случаи кога пациенти умираат чекајќи резултати.На забелешките, пак, дека прашањата од епидемиолошката анкета веќе се несоодветни, затоа што вирусот сега се пренесува локално, Филипче вели соодветни се. И да, додека медицинските работници молат за помош, молат за соодветна и доволно опрема, министерот Филипче на средбата во Куманово секако, со соодветна маска. За останатите доволна е онаа хируршката маска која не штити доволно или е ефикасна кратко време, само час до два најмногу“, додава таа.
Според Стојаноска, медицинскиот кадар е десеткуван. Главниот удар допрва се очекува. Сега е време да се заштитат медицинските работници.
„Сега е време да се преземат соодветни мерки за економијата. Македонија се наоѓа на дното на листите според проценката за закрепнување од коронавирусот. Нема време за чекање!Доста доцневте со мерките! Ако треба помош, ВМРО-ДПМНЕ е тука“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.