Македонија
Демократското движење: Нашите болници стануваат центри на убивање луѓе, во нормални држави владите поднесуваат оставки
Демократското движење оценува дека полициската акција на Клиниката за онкологија, според сите индиции, ќе извади на површина скандал од трагични размери.
„Веќе е јасно дека здравството е криминализирано. Демократското движење се надева дека овој скандал од нечовечки размери нема да го има истиот епилог како оној на модуларната болница во Тетово, кој Министерството за правда го заклучи со смешни, ако не и апсурдни казни. Злоупотребите во оваа клиника укажуваат на запоставување на надлежните органи, иако претходно имаше предупредувања дека на Онкологија човечноста починала, а за тоа сведочат злоупотребата на терапии и трговијата со лекови“, посочуваат од оваа партија.
Ова, како што велат, е последен момент за надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи и Обвинителството да го покажат своето вистинско лице и сите виновници да ги изведат пред правдата.
„Бидејќи нашите болници стануваат центри на убивање луѓе, а не центри во кои се спасуваат животи. Значи, здравството се распаѓа сериозно. За жал, владеењето на СДСМ и ДУИ одамна е излезено од контрола оставајќи простор за античовечки дејствија и луѓе од власта што не се заситуваат од крадење и злоупотреба насекаде, вклучувајќи ја и оваа злоупотреба на лекови за болните од рак“, се истакнува во соопштението од партијата.
Во нормални држави, додаваат од Демократското движење, за вакви случаи владините кабинети даваат неотповикливи оставки. Но, за жал, според нив, такво нешто не може да се очекува од оваа неморална Влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Ѓорче Петров без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од на ул.Црногорска бр.55, 57, 59, 16 (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Николоски: Недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши експресниот пат Градско – Дреново
Работниците беа повлечени и активности на терен немаше, не беа решени косините и недостасуваа околу 13 милиони евра за да се доврши реализацијата на овој експресен пат, истакна вицепремиерот Николоски на пуштањето во употреба на експресениот пат Градско – Дреново.
Но со посветен работа, со огромна подршка на премиерот успеавме за месец дена да го решиме тоа што претходната влада не успеа за година и половина и денеска да имаме завршен експресен пат, додаде вицепремиерот Николоски.
“Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендума, Адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува.
Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата, истата се формираше на крајот од јули, во тек на август се работеше на содржината на овие два адемндуми и на 12 септември проблемите се решија. Од 12 септември до буквално Нова година се работеше, се заврши комплетно и сакам да честиттам на сите бидејќи имаме експресен пат.
Овие работи треба да се кажат бидејќи народот треба да знае кој работи а кој не работи. Овој пат денеска што го гледате е реален и не е направен со вештачка интелегенција како што го имаше во одредени пропагандни спотови во изборите и ова е најдобра подршка зошто оваа влада треба да биде подржувана од народот за уште поубави проекти”- се обрати пред присутните вицепремиерот Александар Николоски.
Македонија
Се очекува и утре да вее снег – прогноза за времето до крајот на неделата
Времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови за појава на голомразица и снежни наноси.
Утре не’ очекува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.Попладне насекаде врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.