Македонија
Од Албанија и Србија влегле најголем број од увезените случаи на коронавирус
Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека од почетокот на кризата регистрирани биле вкупно 414 увезени случаи на коронавирус кај нас.
„По затворањето на границите спорадични случаи почнуваме да регистрираме на 29 мај, а по повторното отворање на границите речиси секој ден. Од почетокот, вкупен број импортирани случаи се 414, од нив најголем број се од Албанија – 79, Србија – 74, Германија 41, Косово 24, Бугарија 22, Турција 20, Грција 18 и Австрија 15 случаи“, рече министерот.
Поради ширењето на коронавирусот границите беа затворени три месеци, односно од март до 17 јуни.
Најголем број новодијагностицирани сме имале во 28. недела, односно втората недела од јули, со регистрирани 1.074 нозоаболени, по што следи период кога бројката опаѓа се до 38. недела, во септември, кога се регистрирани 908 нови случаи.
Од почетокот на кризата во земјава се регистрирани вкупно 16.867 заболени од Ковид – 19, од кои 88 случаи се од денес, регистрирани се 705 смртни случаи, а во моментов има 2.078 активни случаи. Институтот за јавно здравје од почетокот на кризата бележи 14.084 излекувани од Ковид – 19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има сѐ до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.