Македонија
СДСМ: Апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ да организира протест против неправда
Нема поголем апсурд од тоа ВМРО-ДПМНЕ, симболот на политичкото насилство и реваншизам, да организира таканаречени протести против неправдата, реагира СДСМ по најавата за денешниот протест на опозицијата.
„Денеска, против неправда ќе протестира Христијан Мицкоски, потрчкото на оној што нарачуваше шамари во Центар. Денеска против насилство ќе протестираат губитникот Мицкоски и неговите приврзаници , истите оние кои учествуваа во насилството на 27 април. Оние кои не само што што не го осудија насилството, туку насилниците ги величаат и ги нарекуваат уставобранители. Против кого ќе протестира денеска губитникот Мицкоски? Против осудените насилници Никола Груевски, Митко Чавков, Игор Југ, Горан Ѓошевски и Мунир Пепиќ?
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште се заглавени во режимско-насилничката матрица. Наместо оставка од Мицкоски како што вети тој продолжува да организира лицемерни протести кои служат само за спас на неговата фотелја во белиот дворец.
Очајно и лицемерно е однесувањето на Мицкоски. Граѓаните знаат дека тој освен одбрана на криминал не може да понуд ништо друго и затоа три пати губи на избори и затоа останува уште долго во опозиција“, велат од СДСМ преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавија технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стариот начин со УВ-ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право и само три од нив се одбиени.
Во однос на одѕивот на парламентарните избори, до 9 часот, по обработените податоци од 1.033 избирачки места, гласале 4,45 %. Според податоците на ДИК, најголем одѕив има во Пробиштип, а најмал за парламентарните има во Боговиње (1,43 %).
Во Македонија утрово почнаа парламентарните избори и вториот круг од претседателските.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480 беа отворени во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавците не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде што работните процесите поради својата природа не може да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техничката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.