Македонија
Таравари назначи нови в.д. директори во неколку клиники и здравствени установи
Министерот за здравство Арбен Таравари назначи в.д. директори во следните јавни здравствени установи:
Универзитетска клиника за неврохирургија – Љуљзим Агаи,
Универзитетска клиника за очни болести – Наташа Шекеринов,
Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле – Каролина Симоновска,
Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Чаир – Пранвера Изаири,
Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија -Јасмина Ѓоргиевска Павловска,
Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија – Сузана Двојаковска,
Клиничка болница Тетово – Агим Бериша,
Општа болница со проширена дејност Гевгелија – Патрик Матх,
Институт за медицина на трудот на РСМ – Мерхал Исмаили,
Здравствен дом Валандово – Кети Пампурова Стојчевска,
Здравствен дом Кратово – Оливер Лазаровски,
Здравствен дом Кичево – Генц Селмани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Денеска без струја делови од Аеродром, Сопиште и Зелениково
Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
– Во период од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во Тоар, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево. (општина Зелениково)
– Во период од 09.00 до 12.00 часот дел од корисниците од село Горно Соње (кај црквата) (општина Сопиште).
– Во период од 09.00 до 14.00 часот во Поликлиника Јане Сандански (општина Аеродром)
Македонија
Времен прекин на вода за жителите на улицата Васил Стефановски 16 во Скопје
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, изветсуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Васил Стефановски 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, информираат надлежните.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.