Контакт

РЕ-Топ Вести

Објавени првите резултати од токсиколошките наоди на Метју Пери

Објавено пред

Објавени се првите резултати од извештајот за токсикологија, кои потврдија дека Метју Пери не пиел фентанил или метамфетамин и дека во неговото тело нема траги од овие недозволени супстанции.

dobivaj vesti na viber

Првиот извештај, кој не е толку детален, засега исклучува предозирање со метамфетамин или фентанил како причина за смртта, пренесува ТМЗ. Целосниот токсиколошки извештај за Пери можеби нема да биде достапен со месеци, а би требало да открие дали Пери имал штетни количини лекови во моментот на смртта.

Портпаролот на полициската управа во Лос Анџелес претходно потврди дека полицијата во неговиот дом не пронашла сомнителни супстанции, туку само лекови на рецепт.

Портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, изјави за Си-ен-ен дека брзата помош пристигнала во домот на Пери во 16.07 часот во саботата, а полицијата пристигнала малку подоцна. Актерот бил пронајден мртов во џакузи. Имаше 54 години.

По смртта на Пери. се огласи неговото семејство, како и пријателите од серијата „Пријатели“ – Џенифер Анистон, Мет Лебланк, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу и Кортни Кокс, кои рекоа дека се уништени оти сите заедно биле повеќе од колеги – биле семејство.

РЕ-Ново

Маск има нов план: Сака да го урне „Јутјуб“

Објавено пред

Илон Маск откри дека нов формат на видеосодржина доаѓа набргу на платформата X.

dobivaj vesti na viber

Милијардерот и сопственик на X откри дека оваа платформа набргу ќе овозможи видеосодржини со долга форма на паметните телевизори.

Одговарајќи на барање на корисник, Маск го потврди пристигнувањето на видео со долга форма на паметните телевизори.

Изворите сугерираат дека апликацијата X TV ќе личи на апликацијата „Јутјуб“ за ТВ, што укажува на амбициите на Маск услугата да стане конкурент на платформата на „Гугл“.

Платформата X додава многу нови функции во последните месеци, а Маск веќе ја изрази својата намера да го претвори X во супер апликација, која може да направи сè – испраќање пораки, плаќање, но и гледање видеосодржини во долга форма.

Прикажи повеќе...

РЕ-Топ Вести

Во Велика Британија компаниите тестираа работна недела од четири дена

Објавено пред

Конечно е завршено испитувањето за ефикасноста на четиридневната работна недела во Велика Британија. Многу компании учеснички им дозволија на вработените да продолжат да работат помалку, а повеќе од половина ја направија промената трајна.

dobivaj vesti na viber

Помеѓу јуни и декември 2022 година работниците во 61 компанија во Обединетото Кралство работеа 80 отсто од своето нормално работно време за иста плата, додека ветуваа дека ќе завршат 100 отсто од нивната доделена работа.

Најмалку 89 отсто од тие фирми ја задржаа таа политика, а најмалку 51 отсто ја направија четиридневната работна недела постојана до крајот на 2023 година, се наведува во извештајот.

Студијата беше објавена на 21 февруари од Autonomy.

Ефектите од намаленото работно време беа исклучително корисни за персоналот и нивните компании, се вели во извештајот.

На крајот од студијата вработените пријавиле подобро физичко и ментално здравје, подобра рамнотежа помеѓу работата и животот и целокупно задоволство.

Прикажи повеќе...

РЕ-Топ Вести

Арктикот би можел да доживее денови без мраз во следните неколку години

Објавено пред

Арктикот би можел да ги доживее своите први летни денови без мраз во следните неколку години, најавија научниците, а пренесува германската новинска агенција dpa.

dobivaj vesti na viber

Арктичкиот мраз се топи во текот на летните месеци намалувајќи ја површината на замрзнатиот океан, а потоа повторно се зголемува во текот на зимските месеци.

Но, ледената покривка се намалува како резултат на глобалното затоплување, па се направени процени кога Арктичкиот Океан би можел да биде без мраз во септември кога ќе го достигне својот минимален обем на крајот на летото.

Тоа не значи дека нема да има мраз, но научниците ја дефинираат како област со помалку од еден милион квадратни километри ледена покривка, што е само 20 отсто од просечната минимална покривка во 80-тите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија11 часа

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија12 часа

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ12 часа

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...

Македонија13 часа

(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“

Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка...

Македонија14 часа

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија15 часа

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...

Забава16 часа

(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“. Немо...

Свет17 часа

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога...

Свет20 часа

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против...

Забава20 часа

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито. На второто место е Хрватска...

Македонија21 час

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени...

Македонија21 час

Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови...

Забава1 ден

(Видео) Грузија со песна на Дарко Димитров настапи во финалето на Евровизија

Македонскиот композитор Дарко Димитров е автор на песната Firefighter, со којашто Грузија вечерва настапи во евровизиското финале. Земјата успеа да...

Македонија1 ден

Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени

ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници...

Македонија2 дена

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски,...

Македонија2 дена

Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата...

Македонија2 дена

Силјановска на нејзиниот роденден го доби уверението за претседател, ДИК и’ посака успешен мандат

Државната изборна комисија и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71....

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ...

Македонија2 дена

Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е...