Контакт

Соопштенија

СДСМ: Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани главен императив на новата Влада

Објавено пред

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за формирање на демократска, политичка, одговорна Влада, која на прво место од својата агенда ќе ја има новата македонска економија, соопшти СДСМ.

„ Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

Тука се вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој и продолжуваме да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани.

Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата Влада.

За две и пол години покажавме дека платите и економскиот стандард со СДСМ растат многу побрзо. Во следните 4 години ќе покажеме дека тие ќе растат уште повеќе, за да биде уште подобро.

Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро“ се додава во партиското соопштение.

Соопштенија

Македонски концепт: Односите меѓу Македонија и Бугарија се заложник на мафијата

Објавено пред

„Рамковната позиција и Манифестот кон ЕУ на Република Бугарија, претставуваат едностран чин на непријателство и суспендирање на Илинденскиот договор за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.Бугарската политика кон Македонија е воскреснување на живковизмот / болшевизмот во Бугарија, актите кон Брисел се промоција на политиките на стариот СССР кон Балканот, срамно е тоа да го прават бугарски политичари кои себе си се декларираат како антикомунисти, а во суштина спроведуваат болшевизација, наспроти НАТОвизација на Македонија“, е ставот на Македонски коцепт.

Тие ја повикуваат бугарската демократска јавност и интелигенција да се кренат против некои бугарски политичари кои работат за туѓи бели дворови, а против бугарските интереси.

„Сигурни сме дека интеграцијата на Македонија во ЕУ е македонски, но и бугарски национален интерес. Политичарите кои тоа го спречуваат, работат против македонските и против бугарските интереси. Московското влијание врз бугарската надворешна политика се забележува без особени тешкотии. Се повикуваат македонските безбедносни служби да проверат дали одредени „бугарски дипломати” и некои „бугарски здруженија” во земјава, работат за руските цивилни и воени служби, со цел да се спречи или забави НАТОвизацијата и европеизацијата на Македонија.

Односите помеѓу двете земји се заложник на мафијата. Ги повикуваме македонското и бугарското јавно обвинителство да проверат дали одредени “бугарски политиканти” се платени од “македонски олигарси” да дејствуваат во насока на уцени на македонските државни институции преку овој процес во Брисел, се со цел овие вторите да се спасат од правен прогон и затвор во Република Македонија! Исто така да констатирате дали дел од македонската опозиција е финансирана и заложник на истите тие олигарси и намерно дејствува во насока на влошување на добрососедските односи, со цел да се спречи процесот на отпочнување на пристапните преговори со ЕУ“, се вели во соопштението.

„Ги повикуваме македонските бугараши од земјава и странство да престанат да работат за нивните шефови од УДБА и ДПМНЕ, сега ние сме слободна земја и нема потреба од страв и уцени, особено во насока на спречување евроатлантските процеси во Македонија. Редно е да го спознаете ВМРО и да застанете на правата страна на историјата. Од друга страна ги повикуваме македонските Бугари, целосно да се интегрирате во македонското ФЕР општество, во кое за секој има подеднаква шанса и кое ја изградува Македонија како граѓанска држава на сите Македонци, граѓани на Републиката, без разлика на нивен етнички, верски или политички идентитет. Македонија е Ваша мајка, не Бугарија!

Недозволиво е молчење на македонската Влада и владејачка СДСМ по ова прашање, особено што тие се потписници на Илинденскиот договор. Доколку не заземете став на осуда на едностраниот акт на суспендирање на тој договор, ќе констатираме дека сте заложници на истата таа мафија и одработувате против македонските национални интереси и против европската агенда на Македонија во интерес на трета земја“, додаваат од Македонски концепт.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Демократскиот сојуз го осуди нападот врз Палевски

Објавено пред

Демократскиот сојуз го осуди нападот врз претседателот на Движењето Трета, Љупчо Палевски.

„Демократскиот сојуз го осудува бруталното насилство врз Љупчо Палевски, бизнисмен и претседател на Движењето Трета. Ги повикуваме службите за безбедност и МВР брзо да ги откријат сторителите и нарачателите на ова кривично дело и да ги изведат пред лицето на правдата. Безбедноста на граѓаните и на учесниците во јавниот и политичкиот живот е од највисок приоритет во едно демократско општество, а државата мора да испрати порака дека насилството не смее да се толерира и да остане неказнето“, се наведува во соопштението на ДС.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на Заев е покровител на обидот за убиство врз критичарот на власта Палевски

Објавено пред

Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Љупчо Палевски, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта.

„Крвави се рацете на мафијашот Заев за чиј мандат се претепуваат политички неистомисленици, се линчуваат критички новинари, се води политичка хајка врз уредници и притисок врз медиуми. Сторителите на овие дела сè уште не се спроведени пред лицето на правдата зашто добиваат закрила од мафијата на Заев. Неискрени се извинувањата на СДСМ затоа што одговорите треба да ги побараат од нивниот лидер и мафијаш Заев и од тие што нему му слугуваат“, пишува во соопштението на ВМРО-ДМПНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион1 час

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет2 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија2 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион2 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија3 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет3 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет3 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија3 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ4 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа4 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет4 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион5 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија16 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ17 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет17 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија17 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ18 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ20 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура20 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Досие