Контакт

Бегството на Груевски

СДСМ: Груевски мора да ја одлежи затворската казна

Објавено пред

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно потврдуваат дека се на браникот на одбраната на криминалниот Никола Груевски.Не само што по секоја цена го бранат криминалот на осудениот Груевски, туку Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку јавни притисоци се обидуваат да ги спречат институциите да ја вршат својата работа, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, како што е јавно познато, автомобилите за коишто денеска врвот на ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува, поминале оттаму бидејќи во хотелот во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ бил сместен генерал на алијансата.

,,Легитимирањето поединци и проверката на автомобили е рутинско дејствување на припадниците на полицијата.Никој, па ниту членовите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се над законите и правдата. Секој граѓанин без разлика на партијата што ѝ припаѓа, има обврска да се легитимира ако тоа му биде побарано од овластено службено лице. Едно да им биде јасно на пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ: правда ќе има, Груевски ќе понесе одговорност, мора да ја одлежи казната што му ја одреди судот”, се додава во соопштението.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

dobivaj vesti na viber

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

dobivaj vesti na viber

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за...

Македонија27 минути

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил...

Македонија2 часа

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е...

Македонија2 часа

Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците...

Македонија3 часа

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување...

Европа5 часа

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и...

Европа5 часа

(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии во Јарослав. Изворите тврдат дека...

Свет6 часа

(Видео) Снимен момент кога силниот земјотрес ги погоди Филипините

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Европа6 часа

Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Унгарија би соборила руски беспилотни летала доколку влезат во нејзиниот воздушен простор. Еден новинар...

Свет7 часа

Трамп: Блиску сме до договор со „Харвард“, ќе платат 500 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација е блиску до договор со Универзитетот Харвард и рече дека таа...

Свет7 часа

(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: најмалку 60 мртви

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Македонија17 часа

Додека светот ги забранува, ароматичните електронски цигари се помасовни кај нас: деветгодишни „вејпаат“ и бројат хитови

Повикот на Светската здравствена организација (СЗО) од мај годинава итно да се забранат ароматичните цигари за да се заштитат младите...

Македонија17 часа

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС...

Македонија19 часа

Коцевски: Објавените пораки за пожарот во Кочани се дел од доказите

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката...

Македонија19 часа

Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дубаи

Обвинителството отвори истрага против тројца турски државјани за кои постојат сомненија за изнуда. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана...

Регион20 часа

Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа...

Регион20 часа

„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања. Според официјалните информации, повредени...

Македонија20 часа

Извештај на Стејт департментот: Македонија отворена за инвестиции, корупцијата кочница за бизнисот

Водењето бизнис во Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера усогласена со меѓународните стандарди, иако корупцијата...

Македонија1 ден

Мицкоски: Нека ме наречат заостанат, но формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати порака до граѓаните дека формирањето семејство, формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин на еден народ...

Македонија1 ден

Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари

Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните...