Контакт

Македонија

СДСМ: Зошто молчат Мизрахи и пратениците на ДПМНЕ за континуитетот на Мицкоски со Ванчо Михајлов?

Објавено пред

Христијан Мицкоски лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со ликот и делото на Ванчо Михајлов и побара тоа да се почитува. Значи, според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки поклоник на фашизмот, претставува континуитет на луѓе што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираа македонскиот идентитет, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека со таквото однесување Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, зошто на ова молчат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што е одговорот на Рашела Мизрахи кога нејзиниот лидер Мицкоски бара и од неа како континуитет на сегашната ВМРО-ДПМНЕ да го почитува соработникот на Третиот Рајх, Ванчо Михајлов, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муртезани-Марта Кос: Добрососедските односи се од клучно значење за напредокот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија

Објавено пред

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Во фокусот на разговорот беа реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

Министерот Муртезани го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда на Северна Македонија, истакнувајќи дека Владата активно работи на исполнување на реформските цели и дека успешната имплементација на Реформската агенда ќе претставува значаен фактор за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, како дел од процесот на пристапување.  Тој исто така ја нагласи посветеноста на земјата кон целосна имплементација на важноста на Планот за раст, кој ќе биде главна тема на претстојниот состанок на лидерите на Западен Балкан во Скопје, во март годинава. Муртезани изрази увереност дека Северна Македонија е подготвена да продолжи со конкретни чекори кои ќе ја приближат земјата кон Унијата.

„Северна Македонија останува цврсто посветена на своите стратешки интереси за успешно реализирање на нашето европско досие. Подготвени сме да преземеме неопходни реформи и да се фокусираме на принципиелни решенија кои ќе бидат во интерес на државата и сите нејзини граѓани. Со стабилност, напредок и конструктивен дијалог, ќе ја оствариме нашата цел – полноправно членство во Унијата.“ – нагласи МЕП Муртезани.

Соговорниците разменија мислења и за уставните измени во контекст на предизвиците на европскиот пат. Тие констатираа дека добрососедските односи се од клучно значење за напредокот на интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и дека сите решенија треба да бидат во согласност со волјата на граѓаните. Изразена беше подготвеноста за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ, базиран на принципите на стабилност, помирување и заедничка одговорност.

Прикажи повеќе...

Скопје

Герасимовски: Исчистен сметот во населбата Пролет, создаваме поубав и поуреден Центар 

Објавено пред

Општина Центар, денеска ги исчисти јавните површини во населбата Пролет како важен чекор за создавање на почисто и поубаво опкружување за сите центарци.

dobivaj vesti na viber

Герасимовски, потенцираше дека во акцијата за чистење активирана е целата механизација на општината со вредните хигиеничари кои секој ден работат во две смени.

„Во текот на денешниот ден, го подигнавме сметот и ги исчистивме улиците во населбата Пролет. Решавањето на комунални проблеми се еден од нашите приоритети за работа. Центар мора да биде пример за чистота, не смееме да дозволиме жителите секое утро кога одат на работа и училиште да гледаат контејнери преполни со неисчистен смет. Апелирам до граѓаните да пријавуваат смет и диви депонии, брзо реагираме и ги решаваме проблемите. Продолжуваме со акцијата во сите населби во Центар, создаваме поубава и поуредна општина за сите нас“, вели Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Божиновска од Атина: Македонија не е повеќе пасивен набљудувач, инвестираме и градиме независен енергетски систем кој ќе ја зајакне стабилноста на целиот регион

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска, учествуваше на Енергетскиот самит во Атина, Грција, каде што беше говорник на панелот со наслов „Енергетската голема игра – Геополитика и глобалниот енергетски пазар“.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање Божиновска истакна дека енергијата не е само економски сектор, туку и стратешки ресурс, дипломатска алатка и безбедносен императив. Таа нагласи дека Македонија, како земја на крстопатот на Југоисточна Европа, се соочува со предизвици и можности во контекст на глобалните енергетски промени.

„Енергијата веќе не е само економски сектор – таа е стратешки ресурс, дипломатска алатка и безбедносен императив. Глобалните енергетски промени ни покажаа дека ниту една земја не може да си дозволи целосна зависност од надворешни извори. Лидерите на 21 век ќе бидат оние што ќе преземат одлучни чекори за диверзификација на енергетските извори, инвестиции во домашното производство и зајакнување на регионалната соработка. Македонија беше зависна од увоз на енергија, но денес ја менуваме таа приказна. Инвестираме во обновливи извори, градиме модерна енергетска инфраструктура и креираме законска рамка што го привлекува приватниот капитал. Нашата цел не е само стабилно снабдување со енергија – сакаме да бидеме енергетски независна држава и активен чинител на регионалниот пазар на енергија“.

Таа ги презентираше напорите на земјата за постигнување енергетска независност преку инвестиции во обновливи извори на енергија, како што се соларните проекти „Битола 1“ и „Осломеј 2“ со капацитет од 30 MW, кои ќе произведуваат 46 GWh годишно, доволно за 7.000 домаќинства, со што ќе се намалат 40.000 тони CO₂ емисии годишно. Исто така, таа го спомена и развојот на ветерниот проект во Штип со капацитет од 400 MW.

Божиновска ја потенцираше важноста на регионалната соработка за енергетска безбедност, истакнувајќи ги проектите за интерконекција со Грција, со кои земјата не само што ќе заштеди 12 милиони евра годишно, туку и ќе ја зајакне стабилноста на целиот регион. Таа исто така ги истакна законодавните реформи во енергетскиот сектор, вклучувајќи го новиот Закон за енергетика, усогласен со директивите на ЕУ, и Законот за обновливи извори на енергија, кој отвора можности за батериско складирање, децентрализирано производство на енергија и интеграција на паметни мрежи.

Министерката ја заврши својата презентација со повик за заедничка работа и партнерство за изградба на енергетски безбедна Европа и одржлив свет.

Енергетскиот самит во Атина е водечка конференција во енергетската индустрија,

Енергетскиот самит (Athens Energy Summit) се одржува по 14 пат, традиционално ги обединува глобалните лидери за дискусија на критични прашања поврзани со енергијата и нејзината иднина.

Божиновска, на маргините на Самитот во Атина, оствари и билатерални средби со министерот за животна средина и енергија на Грција, Теодорос Скилакакис и министерот за енергетика, трговија и индустрија на Кипар, Џорџ Папанастасиу.

Фокусот на разговорите беше важноста на меѓународната соработка за забрзување на енергетската транзиција, продлабочување на соработката во областа на обновливите извори на енергија, со акцент на примената на батериски системи, моделите за субвенции за домаќинства што инвестираат во фотоволтаици и размена на искуства во енергетската регулатива.

Министерот Папанастасиу ја покани министерката Божиновска во официјална посета на Кипар, со цел продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор. Во знак на партнерство, министерката Божиновска возврати со покана, со цел продолжување на дијалогот и конкретизирање на идните заеднички проекти.

Министрите ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството во клучни енергетски проекти од регионално значење.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија4 часа

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија5 часа

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија5 часа

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија7 часа

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија7 часа

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија8 часа

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија10 часа

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...

Македонија10 часа

„Тој сѐ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор, ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи ја коментираш тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена...

Свет11 часа

Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави

Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по...

Свет11 часа

Пристигна првата реакција на Хамас откога Трамп рече дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“...

Свет12 часа

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет12 часа

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ1 ден

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија1 ден

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија1 ден

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ1 ден

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија1 ден

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...