Контакт

Меѓународен

(Видео) Фудбалерот Максим Цониќ го развеа македонското знаме на стадион во Москва

Објавено пред

Специјален известувач за „Макфакс“ од Москва, Кристијан Ландов

Со свечена церемонија во Москва завршија фудбалските натпревари меѓу деца од 211 земји, организирани преку проектот „Фудбал за пријателство“ спонзориран од „Гаспром“. Организаторите приредија и свечена церемонија, на која учество имаше и Македонија. На стадионот „Сапсан“ во Москва, младиот фудбалер Максим Цониќ го вееше државното знаме. Вториот член на делегацијата, младата новинарка Ева Јакимовска учествуваше во израбока на дневниот весник „Фудбал за пријателство“, за кои пишуваше вести од случувањата за време на проектот.

Активностите продолжуваат и наредните денови, кога македонската делегација ќе учествува на форумот кој ќе се одржи во „Москвариум“. Утре ќе се одржи и свеченото отворање на Светското првенство во фудбал, чија организација, Русија ја чинеше над 15 милијарди долари. „Макфакс“ заедно со македонската делегација ќе присуствува на натпреварот Русија – Саудиска Арабија, а над милион фанови веќе се пристигнати во Москва.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Русите триумфираа на отворањето на Светското првенство во фудбал

Објавено пред

Од

Руската репрезентација со убедлива победа од 5:0 против Саудиска Арабија на отворањето на светското првенство во фудбал, кое вечерва почна во Москва. Натпреварот се играше на московскиот стадион Лужники.

Уште во 12 минута Русите го отворија натпреварот со голот на Газински, кој со асистенцијата на Головин и со глава успеа да го надмудри голманот на Саудиска Арабија. Денис Черишев згоелми на 2:0 со прекрасен гол, кој го даде две минути пред крајот на првиот дел.

На 3:0 зголеми напаѓачот на Зенит, Дзјуба во 71. минута, а последните два гола на домаќините беа вистинск ремек дело. Најпрво Черишев во 91. минута со одличен удар зголеми на 4:0, а конечниот резултат го постави Головин со гол од слободен удар.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

(Видео) Почна најголемиот спектакл во Москва

Објавено пред

Од

Во Москва почна најголемиот спортски спектакл на планетата. Околу 80.000 луѓе присуствуваат на отворањето на московскиот стадион Лужњики. По феноменалните кореографии на танц групите и настапот на Роби Вилијамс, почна натпреварот Русија-Саудиска Арабија.

На трибините е и еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот и освојувач на Светските првенства, Аргентинецот Диего Армандо Марадона.

Шпанскиот голман Икер Касиљас и руската манекенка Наталија Водјанова го претставија трофејот кој ќе му припадне на победникот на Светското првенство.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

„Шимпанзо“ е победник на Светскиот шампионат „Фудбал за пријателство 2018“ во Москва

Објавено пред

Од

Специјален известувач за „Макфакс“ од Москва, Кристијан Ландов

Победник на Светскиот шампионат на „Фудбал за Пријателство 2018“ во Москва е тимот “Шимпанзо“ составен од 12-годишни деца од различни националности, пол и физички способности. На шампионатот учествуваше и младиот македонски фудбалер Максим Цониќ, а како млад новинар во Москва отпатува Ева Јакимовска заедно со Кирил Кироски, заменик извршен директор во ФК „Вардар“ и Маргарита Андоновска, координатор на проектот „Фудбал за пријателство“ од Македонија. Тие беа дел од настанот „Фудбал за пријателство“ на кој учествуваат млади фудбалери, млади новинари и млади тренери од вкупно 211 земји во светот поделени во 32 интернационални тимови.

Во знак на подигнување на свеста за загрозените животински видови, оваа година како дел од проектот “Фудбал за Пријателство“ беше покрената и еко-иницијатива. Сите интернационални тимови на Пријателството беа именувани по ретки животни кои се на прагот на истребување со цел привлекување на светското внимание за заштита на флората и фауната, притоа мотивирајќи ги младите генерации да се вклучат кон ваквите акции. Тимовите традиционално беа составени на принципот на пријателство – спортисти од различни националности, пол и физички способности играа заедно во еден тим.

Оваа година сите делегации – учесници во проектот ќе имаат можност да го проследат отворањето на Светското Првенство Русија 2018 и првиот натпревар на стадионот „Лужники“меѓу репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија.

Во церемонијалот за отворањето на Светското фудбалско првенство ќе учестуваат и учесници во проектот „Фудбал за пријателство“ меѓу кои ќе биде и младиот македонски фудбалер Максим Цониќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на охридскиот регион

По повод Денот на Охридското езеро, Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија50 минути

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести2 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет2 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа3 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија3 часа

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ15 часа

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија15 часа

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија18 часа

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија1 ден

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија1 ден

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија1 ден

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија1 ден

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет1 ден

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија1 ден

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија2 дена

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Досие