Спорт
Венгер добил поддршка од својот стар ривал Фергусон
Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер имаа многу остри дуели на теренот како менаџери на најдобрите клубови од Англија минатите 20 години, а сега легендарниот тренер на Манчестер јунајтед застанал во одбрана на својот ривал од Арсенал по големите критики к…

Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер имаа многу остри дуели на теренот како менаџери на најдобрите клубови од Англија минатите 20 години, а сега легендарниот тренер на Манчестер јунајтед застанал во одбрана на својот ривал од Арсенал по големите критики што ги доби Французинот.
„Топчиите“ беа посрамотени во финалето на Карабао-купот минатиот месец и се шести во Премиер лигата со 13 поени зад лутите ривали Тотенхем на четвртото место, последно што носи во Лигата на шампионите. Лигата на Европа е единствената реална шанса за пласман во ЛШ и тука на „топчиите“ добро им оди ако се забележи победата од 2:0 на гостувањето кај Милан.
Многумина сметаат дека 21-годишното владеење на Арсен Венгер ќе заврши на крајот на сезоната, но тој барем има поддршка од Ферги.
„Добив многу пораки и благодарен сум. Сега и во минатото имав одлични односи со Фергусон. Понекогаш тој ми праќа порака кога работите не одат добро. Јас ги поддржувам сите менаџери и очигледно и тој го смета истото“, вели Венгер.
Тој верува дека има доволно сили да направи пресврт на „Емирати“.
„Имам доволно добри луѓе околу мене и морам да застанам зад тоа што е добро за клубот. Модерниот фудбал се врти околу парите, но за мене има некои вредности“, додава Венгер.
Арсенал со европска лекција за Милан, Бериша го потопи Дортмунд (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

