Спорт
(Видео) Македонија губи 3:0, Англија одигра моќно полувреме

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 3-0 по првото полувреме против Англија на „Олд Трафорд“. Во финишот од првиот дел погоди и Маркус Рашфорд.
Капитенот Стефан Ристовски лошо одигра повратна кон шеснаесетникот, топката ја одзеде Хари Кејн, го проигра Хендерсон, а тој му подготви чиста шанса на Маркус Рашфорд за 3-0.
MARCUS RASHFORD SCORES IN FRONT OF THE STRETFORD END!😍❤️ pic.twitter.com/BwD8N51uru
— 𝗧𝗲𝗻 𝗛𝗮𝗴’𝘀 𝗥𝗲𝗱𝘀 ✍🏼🇳🇱 (@TenHagBall_) June 19, 2023
Македонија ги чека тешки 45 минути во вториот дел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бруно Фернандеш промаши пенал, Јунајтед поразен од Брентфорд

Манчестер Јунајтед повторно разочара, овојпат со пораз од Брентфорд (3-1) во Лондон, во меч од шестото коло на Премиер – лигата. Херој на домаќините беше Бразилецот Игор Тијаго со два погодоци уште во првите 20 минути.
Јунајтед се врати во игра преку новајлијата Бењамин Шешко, кој го постигна дебитантскиот гол и намали на 2-1, но тоа беше максимумот што „црвените ѓаволи“ го покажаа. Во второто полувреме гостите доминираа, но најголемата шанса ја прокоцка капитенот Бруно Фернандеш, откако неговиот пенал го одбрани Каомин Келехер.
И покрај офанзивните измени на Рубен Аморим, Јунајтед не најде решение во нападот, а во длабокото судиско продолжение Матијас Јенсен ја запечати победата на Брентфорд.
Ова е нов тежок удар за Манчестер Јунајтед, кој и натаму ја разочарува својата навивачка армија со нестабилни настапи и порази.
Спорт
Израел презеде драстични чекори за да избегне исфрлање од европскиот фудбал

Израел презема сè можни мерки, па дури и најдрастични, за да го спречи исфрлањето од УЕФА и ФИФА, пишува британски „Тајмс“. Реагираа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп.
Според наводите на Times, премиерот Нетанјаху лично телефонски разговарал со фудбалски функционери од УЕФА и ФИФА за да спречи забрана за учество на Израел во сите меѓународни натпреварувања.
УЕФА идната недела ќе одржи итен состанок на сите федерации за да гласа за потенцијалната суспензија на Израел. Јавноста верува дека големо мнозинство од европските фудбалски сојузи се согласни за исклучување на Израел поради геноцидот врз народот на Газа.
Нетанјаху, наводно, се обидел да ги убеди високите фудбалски функционери да не преземаат вакви мерки.
Се додава и дека американскиот претседател Доналд Трамп го предупредил претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на последиците од таков потег.
„Апсолутно ќе работиме на тоа целосно да го запреме секој обид да ѝ се забрани на израелската фудбалска репрезентација учество на Светското првенство“, изјави претходно портпаролот на Стејт департментот за „Скај Њуз“.
Спорт
Нуно Еспирито Санто ќе биде нов менаџер на Вест Хем

Вест Хем реши да се раздели со менаџерот Грем Потер, но брзо ја затвори оваа страница и веднаш најде ново решение.
Само неколку часа по разделбата, од Лондон стигна вест дека Нуњо Еспирито Санто е назначен за нов тренер на „чеканите“. Со тоа Вест Хем добива искусен стратег кој добро го познава англискиот фудбал.
Португалецот веќе има богато искуство во Премиер лигата. Ги предводеше Вулверхемптон, Тотенхем и Нотингем Форест, а сега ќе се обиде да ја стабилизира ситуацијата во составот на Вест Хем.